Орбелскиот триод претставува средмомакедонски кирилски ракопис[1]. Потекнува од XIII век. Има 241+4 пергаментни листа. Ракописот е кирилски. Ги содржи двата дела на триодот, посниот и цветниот, како и пирамии и делови на уставот. Во ракописот се спомнуваат и имињата на Св. Кирил Филозоф и на Св. Методиј, како и имињата на преподобните пуснтиножители Јован Рилски, Јоаким Сарандапорски (Осоговски) и Прохор Пчински. Името го носи според дебарското село Ербеле (или Орбеле, денес во Албанија) каде што е пронајден. Има еден запис. Потекнува од Охридската книжевна школа. Химнографскиот текст во Орбелскиот триод покажува жанровско единство со химнографските делови во минеите и во октоисите.[2] Се чува во Санкт Петербург. (РНБ, F. n. I. 102, збирка на Вериковиќ (241 л.) + Вјз. F. 124/4 (2 л.), Вјз. F. 124/10 (2 л.)

Фрагмент од Орбелскиот триод

Одлики

уреди

Орбелскиот триод на сите рамништа покажува основни одлики на ракописите што припаѓаат кон македонската редакција на црковнословенскиот: употребува само ь, еровите се вокализираат ъ > о, ь > е, се употребуваат двата знака за назалите ѫ и ѧ, а исто така и ѭ, ретки се примерите со деназализација, присутна е појавата на мешање на назалите.[3]

Литература

уреди

Наводи

уреди
  1. Balcanoslavica. Centar za istražuvanje na staroslovenskata kultura. 1997.
  2. Тотоманова А.М. Правописните особености на Орбелски триод и фонетичната система на говора, отразен в него / А.М.<Тотоманова //Кирило-Методиевски студии.София,1991.Кн.8.
  3. Црвенковска, Емилија; Макаријоска, Лилјана (2009). „Основни одлики на Орбелскиот триод“. Croatica et Slavica Iadertina. 5 (5): 213–233.