Третиот дел од ноќта

Третиот дел од ноќта (полски: Trzecia część nocy) - полски филм од 1971 година, во режија на Анджеј Жулавски (Andrzej Źuławski) кој е и автор на сценариото заедно со Мирослав Жулавски (Miroslaw Źuławski). Главните улоги ги толкуваат: Малгожата Браунек (Malgorzata Braunek), Лешек Телешински (Leszek Teleszynski) и Јан Новицки (Jan Nowicki).

Синопсис

уреди

Дејството на филмот се одвива за време на Втората светска војна. Во едно село, германските војници ги убиваат жената и детето на Михал, а тој и неговиот татко успеваат да побегнат. Наскоро, Михал станува дел од движењето на отпорот, но при првата акција тој е ранет. Тој се крие во една зграда, а припадниците на Гестапо по грешка заробуваат друг човек и така Михал успева да се спаси. Притоа, тој запознава млада жена која започнува да се пораѓа. Михал ѝ помага да го роди бебето, а таа му помага нему. Михал е опседнат со жената поради тоа што му личи на неговата жена Хелена, а истовремено го гризе совеста поради судбината на нејзиниот сопруг. Жената и нејзиното бебе се сместуваат во еден манастир, и тоа во истата соба во која живеел Михал со своето семејство. Михал, пак, се вклучува во програмата за одгледување тифусни вошки од кои се произведуваат вакцини и со заработените пари им помага на жената и бебето. Најпосле, тој дознава дека нејзиниот сопруг е пренесен во една болница и оди таму за да го ослободи, но полицијата го убива.[1]

Наводи

уреди