Трајче Малинов
Трајче Малинов е роден 23 мај 1973 година во Велес. Тој е македонски композитор[1], музичар[2], етномузиколог и автор.
Трајче Малинов | ||
---|---|---|
| ||
Основни информации | ||
Роден(а) | 23.05. 1973 | |
Потекло | Велес | |
Забележителен/и инструмент/и | ||
кларинет, кавал |
Животопис
уредиТрајче Малинов е роден во велес на 23 мај 1973 година во Велес. Основно образование завршил во Велес, паралелно со основно музичко образование. Средно образование се запишал во Штип, каде завршил инструментален отсек кларинет. Своето школување го продолжил во Скопје. Студирал на Факултетот за Музичка уметност и дипломирал во 2005 година, на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- отсек музичка теорија и педагогија, паралелно и отсек народни инструменти кај проф. д-р. Драган Даутовски. Во 2011 година магистрирал[3] на ФМУ во класата на Доц.д-р. Александар Димитријевски- отсек етномузикологија и оркестрација на народни инструменти кај проф. д-р. Драган Даутовски. Дипломирал и на Факултетот за музичка уметност во Штип во класата на проф. др. Бранко Павловски на отсекот инструменталист-кларинет. Малинов освен на кларинет свири и на саксофон, тамбура и гајда.
Професионално искуство
уредиМалинов во своето професионално и музичко искуство како композитор, вокалист и изведувач на музика има богата историја на настапи. Авторот Трајче Малинов е активен музиколог на македонскиот фолклор. Малинов е долгогодишен член на велешката музичка група „Виртус“[4]. Со музичката група имаат изадено 2 албума со обработени народни песни и ора “Бисери од незаборавот 1“ и “ Бисери од незаборавот 2“[5].
Во Јули 2021 година, тој отвoрил отсек за традициски инструменти[6] во ООМУ Стефан Гајдов - Велес[7] каде што и денес работи како наставник. Со оркестарот на традициски инструменти со кој тој раководи имаат многубројни државни и меѓународни настапи и награди[8]. На интернационалниот натпревар, “Angel Voice“[9] во Белград ја освоиле наградата „Лауреат на натпреварот“[10].
Автор е на 10 новокомпонирани песни, кои се изведувани на Фолк-фестивалите во Македонија, “Лешочки фолк-фест“[11]и “Роса-фест“[12] во Скопје. Има настапувано на бројни фестивали и настани во земјава и во странство, соработyвал и со врвни музичари од Босна и Херцеговина и од Германија. Инспириран од македонскиот фолклор и самото поднебје од кое тој потекнува за кое обележје е чалгиската традиција, дошол на идеја да го зачува заборавеното автохтоно творештво на чалгиските тајфи кои музицирале во велешкиот регион кон крајот на XIX и низ целиот XX век па се до денес.
Автор е на книгата “Ало Тончов-бардот на велешката чалгија“[13] Во книгата тој говори за еден од најпознатите самоуки виолинисти, кој што живеел во Велес а бил познат низ цела Македонија и оставил траг со своето творештво. Во книгата Малинов запишал и мелографирал фотографии од песни и ора што се изведувале на веселбите и свадбите. Со ова дело Малинов сакал да остави траг за незаборав на велешката чалгија.
Автор на музика
уредиМалинов е музички композитор и вокален изведувач на следниве песни кои ги исполнува со групата„Виртус“[14] од Велес.
- Води ме болко моја [15]
- Спомени [16]
- Љубовна серенада [17]
- Утрото ден ќе донесе [18]
- Рапсодија во сино [19]
- Ој ти моме Лично [20]
- Не барај ме мила[21]
- Не кажувај крај [22]
- Налеј дупла и запеј [23]
- Најмила(Кантавтор) [24]
Наводи
уреди- ↑ Lesocki Folk Fest (2023-09-07), Grupa Virtus - Nalej Dupla I Zapej (Leshochki Folk Fest 2023), Посетено на 2024-11-09
- ↑ „Гостување на м-р Трајче Малинов - музичар“. 24.mk (англиски). Посетено на 2024-11-09.
- ↑ „Промовирана книгата „Ало Тончов-Бардот на велешката чалгија" на Трајче Малинов“. А1он (англиски). 2021-03-12. Посетено на 2024-11-09.
- ↑ „Промовирано ЦД со староградска музика на групата „Виртус"“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-11-09.
- ↑ „Велес, Велес убав град“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2024-11-09.
- ↑ 6,5 илј. прегледи · 50 реакции | Дел од Класата на традициски инструменти при Музичко Стефан Гајдов Велес ја изведоа композицијата Одено оро, под менторство на Проф. м-р Трајче Малинов... | By Локална библиотека „Гоце Делчев“ - Велес | Facebook, Посетено на 2024-11-09
- ↑ Tale Malinov (2022-02-23), Orkestar na tradiciski narodni instrumenti OOMU "Stefan Gajdov"- Veles, Посетено на 2024-11-09
- ↑ Tale Malinov (2023-02-09), ООМУ Стефан Гајдов-Оркестар на традициски инструменти "Сношти е Добра доцна седела" "Митро ле Митро", Посетено на 2024-11-09
- ↑ „"Angel Voice" – Music Pavilion – Beogradska Tvrdjava“ (англиски). Посетено на 2024-11-09.
- ↑ „Оркестар од велешкото музичко училиште „Стефан Гајдов" победи на натпревар во Србија - BATALI.net“. 2024-04-30. Посетено на 2024-11-09.
- ↑ Неделковски, Серјожа (2021-08-27). „Вечерва се одржува традиционалниот Лешочки фолк фест | NetPress“. Посетено на 2024-11-09.
- ↑ „Купи Карти За Се“. Купи Карти За Се (англиски). Посетено на 2024-11-09.
- ↑ Стојковска, Надица (2021-03-17). „Првата книга на Трајче Малинов- „Ало Тончов- Бардот на велешката чалгија" » Телевизија MNet HD“. Телевизија MNet HD. Посетено на 2024-11-09.
- ↑ https://tirekovmirece.com/Novost/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BE-%D0%A6%D0%94-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BC%D1%83%D0%B7%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B0-%E2%80%9E%D0%92%D0%B8%D1%80%D1%82%D1%83%D1%81%E2%80%9C
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=_naQkfT2UJI
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=_naQkfT2UJI
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=WBQmYYfSlZg
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=Oz-S3V7Wj6Y
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=C7OBxqbCEvk
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=lWV7m_j5WFw
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=iPSLp6Y2caE
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=8vRlxQYXI84
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=TtkRunQYmVI
- ↑ https://www.youtube.com/watch?v=WfkOlVnmG5E