Ало Тончов
Алексо (Ало) Тончов (Велес, 1902 - Велес, 1987) — македонски музичар - чалгаџија, доајен на македонската чалгија.[1]
Ало Точов | ||
Роден | 1902 Велес | |
---|---|---|
Починал | 1987 Велес | |
Занимање | чалгаџија |
Животопис
уредиТончов е роден во Велес во маалото Којник во 1902 година. Неговиот татко Јован Тончов свирел кларинет, а претходно дајре со тајфата на Арсо Ќеманеџијата. Неговиот чичко Панче Тончов, член на ВМРО бил убиен од Јован Бабунски. Ало Тончов свирел на виолина (ќемане) и со тајфата на својот татко и за првпат засвирел на тринаесет годишна возраст. Свирел во чалгискиот оркестар на групата Распеани Велешани, на свадбите во Велес и пошироко, а имал и група со која свирел и вечерни свирки по локалите низ Велес. Заедно со групата изведувале и забавна музика на игранки, чајанки и други забави. Ало Тончов свирел до 1986 година, а починал наредната 1987 година. Како и неговиот татко, неговото посмртното испраќање до градските гробишта во Велес, било пропратено со свирењето на Велешката чалгија и омилената песна на фамилијата Тончови, дајлер, дајлер.[2]
Наводи
уреди- ↑ „По стапките на Ало Тончов чекори Велешка чалгија“. Архивирано од изворникот на 2015-02-14. Посетено на 2014-10-21.
- ↑ Чалгијата го одушевила и султанот[мртва врска]