Трајан Костадинов Арсовски (18 јануари 1925 во Шопско Рударе, Кратовско21 јуни 1945 во Гања Липа, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Одраснал во средно имотно земјоделско семејство. По завршувањето на основното четиригодишно училиште во своето село, во немање услови да го продолжи образованието се занимавал со земјоделие и сточарство. Како младинец, со група другари од своето село, се приклучил во редовите на НОВ, во Треттата македонска ударна бригада, бил учесник во сите борби за целосното ослободување на Македонија. Во составот на Треттатa македонска ударна бригада учествувал ѝ во борбите на Сремскиот фронт, Шид, Винковци, Врпоље и Банова Japyгa. На 21 јуни 1945 година, крај селото Гања Липа бил во првите редови со својата единица. Борејќи се со над-човечки напори, против германските и усташките единици, некаде исчезнал. Се претпоставува дека бил тешко ранет или заробен од непријателот и стрелан некаде во непосредната близина.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 33.