Тошо Филиповски
Тошо Филиповски (9 мај 1969 година во Кочани)[1] — музички новинар.
Тошо Филиповски | |
---|---|
Роден(а) | 9 мај 1969 Кочани, Македонија |
Занимање/ња | Собирач на музички артефакти, изданија и на информации за македонската рок-сцена; Музички новинар |
Мрежно место | https://www.facebook.com/tosho.filipovski/ |
Spouse(s) | Билјана |
Биографија
уредиУште во средношколските денови во Кочани, во 1986 го основал македонскиот пионерски хардкор-бенд „Die Himmelstrasse“. По враќањето од војска и по доаѓањето на студии во Скопје, започнал со својот музички активизам насочен кон развојот на македонската, пред сѐ андерграунд сцена. На преминот од 1989 во 1990 година, го публикувал првиот македонски музички фанзин, „Тешкото“, а со почетокот на новата декада започнал да се појавува и со повремени написи во „Студентски збор“, „Млад борец“, „Тротоар“, „Метро“, „Џоинт“.
Во периодот од 1996 до 1997 бил главен уредник на музичкиот магазин „Град“.
Од 1992 до 2001 година бил организатор на пет изданија на музичкиот „Underground Festival“, единствениот таков интернационален фестивал во Македонија во тој период сѐ до 2009 година, промовира и многубројни концерти на домашни и на странски панк-рок и хардкор-состави.
Од 1990 година започнува и неговиот медиумски, пред сѐ радиоангажман, со неколку специјализирани емисии за македонска музика. Најпрво на Младинското радио „Клуб 100“, потоа на Студентското радио, и најдолго на „Канал 103“, а со краткотраен ангажман ќе биде и на брановите на „Радио Равел“.
Во периодот 1994 - 1997 година ќе се потпише како автор на култната музичка емисија „Досие" на ТВ Сител, која ќе доживее 77 изданија. Од пролетта 1997 до есента 1998 година, на ТВ Телма, со сличен концепт за популаризација и за афирмација на македонската рок-сцена, ќе биде автор на емисијата „За македонцката музика".
Од 1994 до 2011 година, неговата издавачка куќа „Корпус Деликти Рекордс“ објавува десетина касети и цедеа на македонски бендови.
За време на својот ангажман [1998 - 2005) во Центар за изведувачки уметности „Мултимедиа“, го иницира еднодневниот уличен проект, протест во движење со име „Преку таквото“, одржан на 01.10.2001, кој претставува еден од првите организирани изблици на пацифистичкиот граѓански активизам на македонската рок-сцена.
Во 2002 година, како дел од заедничкиот тим на ЦИУ „Мултимедиа“ и на „Литиум Рекордс“, го организира првиот музички фестивал на отворено во Македонија, „Аларм“.
По некоја година, извесен период ќе работи и во „Литиум Рекордс“, како промотор на музичките настани во организација на издавачката куќа. Во првата декада од новиот милениум работи и како менаџер на „Кинг Наат Велиов & Original Kočani Orkestar“.
Повеќе од 30 години е активен и пасиониран собирач на музички артефакти, изданија и на информации за македонската рок-сцена. Во последните 10 години активно работи на создавање услови за отворање на рок-музеј односно центар за истражување, архивирање и промовирање на македонската рок-музика.
Хроничар на времето.
Награди
уредиТошо Филиповски е добитник на највисоката државна награда „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката примена на 21 декември 2021 година доделена во свечената сала на Собранието на Република Македонија.
Публикации
уредиГи има напишано и издадено следниве книги:
уредиИме на книга | Година на издавање |
---|---|
Македонска рок енциклопедија | 2018 година |
Македонска дискографија – винили 1958-2019 | 2019 година |
Македонски рок-времеплов | 2021 година |
Мизар - Откровенија 1981-2021 | 2022 година |
Винилни компилации:
уредиИме на компилација | Година на издавање |
---|---|
Има ли забава? - Macedonian New Wave 1981 - 1985 Vol.1 | 2019 година |
Macedonian new wave vol.2 1979-1987 | 2022 година |
Macedonian Dark Wave 1985-1989 | 2022 година |