Тоскаопера во три чина од италијанскиот композитор Џакомо Пучини, според либретото на Лујџи Илика и Џузепе Џакоза засновано врз драматаТоска“ на Викториен Сарду. Светската премиера на операта била одржана на 14 јануари 1900 година, во Рим.[1]

Тоска
Tosca
Опера од Џакомо Пучини
Stylised drawing showing Tosca standing over Scarpia's body, about to lay a crucifix on his chest. The text reads: "Tosca: libretto di V Sardou, L Illica, G Giacosa. Musica di G Puccini. Riccardi & C. editori"
Првичниот постер ја прикажува смртта на Скарпија
Либретист
ЈазикИталијански
Засновано наЛа Тоска од Викториен Сарду
Премиера
14 јануари 1900 (1900-01-14)
Корица на либретото (1899).

Синопсис

уреди

Сликарот Каварадоси му помага на избеганиот затвореник Анџелоти да се засолни, но шефот на полицијата Скарпија и неговите агенти ја насетуваат трагата. Служејќи се со вешти ветувања и закани, Скарпија успева да изнуди признание од Тоска, љубовницата на сликарот, по што Каварадоси е уапсен и осуден на смрт. Тоска го моли шефот на полицијата да го помилува сликарот, а тој се согласува под услов таа да биде негова. За да го спаси Каварадоси, Тоска се согласува, но бара Скарпија да му издаде документи на сликарот со кои тој безбедно ќе го напушти Рим. Притоа, Скарпија ѝ кажува дека ќе организира фиктивно стрелање на Каварадоси. Скарпија ги подготвува документите, но кога се обидува да ја обљуби Тоска, таа го убива со нож и веднаш му јавува на Каварадоси дека стрелањето ќе биде фиктивно. Меѓутоа, претходно Скарпија наредил вистински да го стрелаат сликарот и наредбата е извршена. Тогаш, Тоска сфаќа дека е измамена и, пред да биде фатена од агентите на Сакрпија, таа се фрла од затворската тврдина во бездната.[2]

Наводи

уреди
  1. Тоска - Џакомо Пучини, 6.10.2017. Скопје: Македонска опера и балет, 2017.
  2. Тоска - Џакомо Пучини, 6.10.2017. Скопје: Македонска опера и балет, 2017.