Торе де Мигел Сесмеро

Торе де Мигел Сесмеро — општина сместена во покраината Бадахос, Екстремадура, Шпанија (Европа).

Торе де Мигел Сесмеро, Шпанија
Координати: 38°37′N 6°48′W / 38.617° СГШ; 6.800° ЗГД / 38.617; -6.800
државаШпанија
Автономна заедницаЕкстремадура
ПокраинаБадахос
ОпштинаТоре де Мигел Сесмеро
Површина
 • Вкупна58 км2 (22 ми2)
Надм. вис.&10000000000000324000000324 м
Население (2009)
 • Вкупно1.257
 • Густина20,8/км2 (54/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоАјунтамиенто [1]

Во моментот во оваа општина се гради втората сончево-топлинска централа во Европа, со што ќе се помогне зво зачувувањето на животната средина.

Историја

уреди

Потеклото на името на Торе де Мигел Сесмеро, можно е да било келтско, и пред 2.600 години ова место се нарекувало Салукстоги. Па пшодоцна по името на друга римска населба која се нарекувала: Турилукс.

Од приказните на луѓето името на градот се должи на кулата која била изградена за да ги одбрани во војните со Португалија, и како последица на овие судири,градот бил напуштен.

Исто така се вели дека во средновековието, Дон Мигел Пико нашол богатство на земјата на луѓето и имајќи предвид дека тој бил трговец со земја, го именувале во негова чест. Во 1531 година градот имал 332 жители.

Исто така потеклото на името е поврзано со кулата сместена меѓу селските куќи на крајот од плоштадот, која била дел од тврдината која била разрушена во 1841 година.

Основано е како населба во XIV век, околу 1392 година и тогаш била наречена Торе де Мигел Сесмеро. Од пронајдените документи се потврдува дека земјиштето било во споственост на Бадахоскиот кардинал.

Во периодот меѓу месеците Септември и Октомври 1643 година, португалските војски под водство на војводата од Обидос, сакале да го опсадат Бадахос, но одлучиле да го напуштат овој план и наместо тоа да уништат неколку погранични градови, вклучувајќи го тука и Торе де Мигел Сесмеро, предизвикувајќи паника во околината многу од жителите го напуштиле селото.

Воп пописот од 1842 година имало 259 домаќинства со 970 жители. Грбот на градот пак е усвоен на 27 февруари 1986 година.

Значајно е што во Торе де Мигел Сесмеро се оддржал еден од првите работнички собири од 1902 година за правата на работниците да штрајкуваат за подобри узлови за работа.

Според Винсенте Наваро дел Кастилјо, 14 жители на Торе де Мигел Сесмеро заминале во похосите за освојување на Америка, од нив најистакнат бил Бартоломеј Мартинес Менахо, кој во Новиот Свет бил викар во соборната катедрала во Лима (Перу), бискуп на Панама и надбискуп на Санта Фе де Богота (Колумбија).

Освојувањето на Америка

уреди

Многумина отпатувале во Америка на почетокот од откривањето. Па така позначајни жители кои заминале во Америка се:

  • Педро Бенитез, син на Алонзо Дуран и Марија Алнозо. Тој имал дозвола да замине за Индија од 12 април 1527 година.
  • Хуан де Кабал, син на Хуан Галехој и Каталина Перес. Тој имал дозвола да замине за Индија од 18 август 1517 година.
  • Педро Carvajal, син на Кристофер и Катерина Перес Карвахал. Тој бил многу сиромашен заминал во Меклсико и се оженил со ќерката на Бартоломеј Стујарт, внука на Алонзо Стујарт. Во 1547 година тој размислувал да се пресели во Перу со својата жена и двете деца, па подоцна во Гватемала но не му било дозволено.
  • Алонзо Галего, 36 годишен, заминал во Костарика во 1575 година.
  • Алонзо Гонсалес, син на Гонсало Мартин Гарнаментеи Марија Алонзо. Тој имал да замине во Санто Доминго на 15 септември 1536 година.
  • Мартин Гутирез, 25 годишен, заминал за Костарика во 1575 година.

Значајни градби

уреди
  • Месната црква Богородица Канделариска.[1] Била изградена од мајстори од Зафра кон крајот на 16 век на темелите на претходен верски објект од Темпларите.
  • Капелата Свети Христос Милозливиот. во близина на црквата, со маврско потекло.
  • Капелата Сан Исидоро. Современ стил, изградена на местото на претходната капела Светиот дух, каде биле и старите гробишта.
  • Ермита де ла Лангоста. Постои легенда која вели дека овој храм е подигнат за да се спречи штетата која ја нанела чумата.
  • Крстот Алмендрал од XVI век. Каменит споменик на врвот кој претставува крст, на западната страна на градот порано најбликата точка до Алмендрал.
  • Кула. Во близина на црквата постела тврдина која била разрушена во 1841 година.Моментално постои кула меѓу куќите во селото.
  • Преса за маслиново масло.Изградена во XVIII век од страна на бискупот Марфи Малагилја за манастирот Кармелит во Бадахос.
  • Лагуни. Лагуните Гранде и Ел карил:сместени во близина и припаѓаат на лагунскиот систем Албуера. Во минатото користени за рибарење и поење на стоката.
  • Фонтани и потоци.

Значајни жители

уреди

Обичаи

уреди
  • Секој Божиќ градот го слави со живописни сцени на улиците.
  • Средновековни пазари.
  • Матанзи.
  • Верски поклоненија.
  • Фестивали.
  • Аматерски драматурски изведби.

Наводи

уреди
  1. „Archidiócesis de Mérida-Badajoz - Listado de Parroquias“. Архивирано од изворникот на 2012-03-15. Посетено на 2016-01-13.

Надворешни врски

уреди