Топка

(Пренасочено од Топче)

Топка (дем. топче) — заоблен предмет со различни намени. Често подразбира реквизит во игри и спортови, чие дејство се состои од фрлање, удрање или шутирање на истата. Во највеќето спортови има облик на сфера[1] (или геометриската топка), но некаде е овална (рагби, американски фудбал итн). Помали топчиња имаат многу разни намени: во техниката како лагери, како тегови за мамци во риболовот, како зрна за муниција итн.

Кошаркарски топки во продавница

Многу од денешните топки се направени од гума, што не било случај никаде освен во Америка до откривањето на континентот.[2] Гумените топки (од полна, т.е. ненадувана гума) први ги играле староседелските народи на Средна Америка оламалистли, и истите потоа се донесени во Европа. Во останатите делови од светот, топките се правеле од кожа наполнета со различни материјали или надувани меури на животни.[3]

Историја

уреди
 
Кожени топки. Русија, XII-XIII век

Топката е незаменлив дел од многу облици на физички игри и затоа сигурно води потекло од најстари времиња. Во прилог на ова сведочи и чинот што тркалавите предмети се привлечни како за човечките бебиња, така и за животните како мачињата и кутрињата. Игрите со топка во човечката друштвена култура се посведочени уште од длабоката антиката игрите со топка биле мошне застапени во секојдневниот живот и претежно се одржувале во вежбалните простори и крај бањите.

Современи спортски топки

уреди

Топката како мотив во книжевноста

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „топка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Preparing the Footballs for NFL Games | NFL Football Operations“. operations.nfl.com (англиски). 2015-08-10. Посетено на 2024-07-09.
  3. LaCombe, Ronnie. „How much air can fit in a basketball?“. Columbia Daily Tribune (англиски). Посетено на 2024-07-09.
  4. Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 86-87.