Топонмија на Македонија

Топонимија на Р Македонија - Топоним[1] е општ термин за соодветно име на која било географска карактеристика.

Топонимијата во Р Македонија претставува најстар стратум на македонскиот јазик кој е сведоштво за нашиот културен идентитет и интегритет. Топонимијата ги опфаќа административните граници на сите 84 општини во Република Македонија. Таа претставува збирно нематеријално културно наследство со своја дијахрониска и синхрониска рамка.

Топонимискиот систем на територијата на Република Македонија нуди инзвонредно богат и драгоцен материјал за согледување на процесите што се одвивале во сите области на човековиот живот (јазикот, економијата,администрацијата,религија,миграциските движења и сл.) Топонимите во Република Македонија пред се имаат македонско (словенско) потекло. Одреден број водат потекло и од другите јазици на Балканскиот полуостров.

Во Македонија како централна точка на Балканот во која се слеале голем број на култури кои оставиле свои траги на теренот. Тие најексплитцитно се интегрирани во топонимискиот систем на нашава земја.

Опис на потеклото на топонимите уреди

На територијата на денешна Македонија живееле разни племиња кои оставиле свои траги во топонимијата. Кога дошле Словените на овие простори наишле на организирани населби како Скупи, Стоби, Хераклеја, Лихнидос. Тие или се населиле во нив или основале нови населби. Сите имале мотив да останат, а не да водат номадски живот. Тие овде наишле на погодности за развој на сточарство, земјоделство. Затечените имиња на местата или фонетски ги адаптирале, или ги приспособиле според народната етимологија, поретко ги преведувале, или не воделе сметка за старите називи и местата ги нарекувале на својот јазик.

Како најстари зборови топонимите ја покажувале врската на човекот со природата. Првите топоними биле апелативи од различни сфери на животот и дејноста на човекот. За нив се употребува називот топографски имиња (nominatopographica): Брод, Бразда, Вруток и сл., од флората и фауната: Брест, Орел. Во наредната етапа се појавуваат имиња на места кои во основата имаат лично име (nomina posesiva): Рашче и nomina patronimica од имиња на група луѓе Градовци, nomina agentis Оризари, Грнчари, nomina cultura Манастир, Чифлик, Банско.

Класификација на топонимијата уреди

Оваа класификација на топонимијата е во корелација со меѓународно прифатениот Основен систем и терминологија словенската ономастика.

Бројот на топонимиски единици на територијата на Република Македонија изнесува околу 360 000 (според картотеката на топоними ИМЈ „Крсте Мисирков“ - Скопје.

Идентификувани се повеќе видови и тоа:

  • ојконими
  • хрематоними
  • дримоними
  • урбаноними
  • ороними
  • хидроними
  • микротопоними

Во научно прифатената класфикација топонимите во Република Македонија се систематизираат според:

  • лексичко-семантички
  • морфолошко-синтактички критериуми

Имињата на местата го обезбедуваат најкорисниот географски референтен систем во светот. Точната примена на топонимот, неговиот специфичен јазик, неговиот изговор, како и неговото потекло и значење се многу значајни.

Нематеријално културно наследство уреди

Топонимијата во Република Македонијаво се прогласени за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Наводи уреди

  1. „Топоним“. Википедија. 2020-05-26.