Топење на ледници од 1850 година

Топењето на ледниците од 1850 година влијаело врз снабдувањето со свежа вода за наводнување и за домаќинствата, снабдувањето на домашни животни и растенија, кои зависат од водата од глечерите, а долгорочно влијае врз порастот на нивото на морето. Глациолозите тврдат дека совпаѓањето на топењето на ледниците и зголемувањето на количеството на стакленички гасови е очигледен пример за моменталното глобално загревање. На планинските масиви во умерената зона, како што се Хималаите, Алпите, Карпестите Планини, Каскадните Планини и Андите, може да се види големо топење на ледниците.[1]

Седиментни карпи и остатоци од глацијација на глечерот Атабаска, после неколкугодишно топење на глечерот.

Малото ледено доба е период од 1550 година. до 1850 година, кога светот доживеа нешто поладна клима од денешната. После тоа, до 1940 година, ледниците почнаа значително да се топат, а потоа до 1980 година топењето забави, а некаде глечерите почнаа да се зголемуваат, а од 1980 година топењето на ледниците повторно се зголеми, па дури и се забрза. На Хималаите и Андите, ова ќе има големо влијание врз водоснабдувањето на големите популации. Повлекувањето на планинските ледници во Северна Америка, Азија, Алпите, Индонезија и Африка, во тропската и умерена клима на Јужна Америка, се користи како јасен доказ за зголемувањето на глобалните температури од средината на 19 век. Но, неодамнешното топење на плимните и излезните ледници на Гренланд и западен Антарктик може да доведе до зголемување на нивото на морето, а многу од крајбрежните области во светот ќе бидат загрозени.[2]

Биланс на маса на глечер

уреди
 
Оваа скица го прикажува билансот на масата на планинските ледници од 1970 година, топењето е прикажано во жолта и црвена боја, а растот во сина боја

За да преживеат ледниците, билансот на масата е многу важен, разликата помеѓу подрачјето на акумулација и подрачјето на носење (топење и сублимација). Климатските промени можат да предизвикаат промени во температурата и врнежи од снег, па така се менува и билансот на масата. Глечерот кој има негативен биланс на маса на крајот ќе се стопи. Во моментов има само неколку ледници кои имаат позитивен биланс на маса, всушност тие се блиску до рамнотежа.

Главен показател на топењето на ледникот е неговото проретчување по целата должина, особено во подрачјето на акумулацијата. Ако ледникот почне да се намалува во основата, може и да потрае. Пример е глечерот Истон, кој се намалил на речиси половина од својата големина, но сè уште е стабилен, бидејќи неговиот простор за скумулација на поголема надморска височина, каде што е постудено и има свеж снег. Најзагрозени се помалите ледници кои не се на голема надморска височина. [3]

Методите за мерење на топењето на ледниците вклучуваат стапчиња за набивање на краевите на ледниците, користење на ГПС системи, мапирање од воздух и користење на ласерски висиномер.

Ледници во умерената зона

уреди

Умерените ледници се протегаат помеѓу тропските предели и поларните кругови. Овде се среќаваме со планински ледници, ледници во долини и мали ледени капи, обично на високи планински масиви. Сите овие ледници се воглавно на планинските венци, како што се Хималаите, Алпите, Пиринеите, Карпестите Планини, Пацифичкиот крајбрежен гребен во Северна Америка, Патагонските Анди во Јужна Америка и планинските венци на Нов Зеланд. Колку се поблиску до поларните кругови, толку се поголеми. Овие ледници се најпроучувани во последните 150 години. Како и тропските глечери, овие ледници генерално се топат.

Наводи

уреди
  1. Intergovernmental panel on climate change "Climate Change 2001 (Working Group I: The Scientific Basis)" 2006.,Thomas Mölg, "Worldwide glacier retreat"
  2. Intergovernmental panel on climate change: "2.2.5.4 Mountain glaciers"
  3. Trabant, D.C., R.S. March, and D.S. Thomas: "Hubbard Glacier, Alaska: Growing and Advancing in Spite of Global Climate Change and the 1986 and 2002 Russell Lake Outburst Floods" 2006.