Атомска бомба

(Пренасочено од Атомско оружје)

Атомска бомба — јадрено оружје за масовно уништување, која својата уништувачка моќ ја црпи од јадрените реакции на цепење и соединување на атомското јадро.

Облакот од атомската бомба фрлена врз Нагасаки, на 9 август 1945 се подигнал 18 km над хипоцентарот на бомбата

Во историјата на војувањето фрлени се две атомски бомби, во текот на Втората светска војна, од страна на САД. Бомбите беа фрлени на 6 август 1945 врз Хирошима и на 9 август 1945 врз Нагасаки, Јапонија. Првата бомба, „Малото момче“, беше ураниумска, а втората, „Дебелкото“, беше плутониумска бомба. Една од верзиите зошто и втората бомба беше фрлена, иако беше увиден степенот на уништување предизвикан од првата бомба, е дека намерата беше да се испита која бомба е поефикасна: ураниумската или плутониумската. Бројот на жртвите се движи од 100.000 до 220.000, голем дел од нив цивили. Актот на фрлање на атомските бомби од страна на САД врз Јапонија е контроверзно прашање: оние што го бранат тврдат дека тоа беше нужно за да се принуди Јапонија на капитулација, додека неговите критичари тврдат дека целта беше да му се демонстрира американската моќ на СССР и дека тоа, заедно со Холокаустот, е едно од злосторствата против човештвото извршени во текот на Втората светска војна.

Видови атомски бомби

уреди

Постојат два вида атомски бомби. Првите функционираат врз основа на јадрено цепење и се нарекуваат атомски бомби во потесна смисла на зборот или А-бомби. Вториот тип, кој е подеструктивен, функционира на основа на јадрено соединување и се нарекува водородна бомба или H-бомба.

Атомската бомба како мотив во популарната култура

уреди
  • „1945“ — песна на американската панк-рок група Соушл дисторшн (Social Distortion).[1]

Наводи

уреди