Тома Измирлиев
Тома Измирлиев, познат под псевдонимите Фома Фомич, Лобичек, Гарабед Бедниј, Голголенко, Драка, Звонарчик, Момче Македонче, Борис Подрумов (роден во 9 септември 1895 година во Кукуш - починал на 22 ноември 1935 година во Софија) — македонски поет и писател-хуморист, постар брат на Христо Смирненски.[1]
Тома Измирлиев | ||
Роден | 9 септември 1895 Кукуш, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 22 ноември 1935 Софија, Бугарија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | поет и писател | |
Роднини | Христо Смирненски |
Животопис
уредиТатко му бил соработник на Гоце Делчев и член на ТМОРО во Кукуш. Основно училиште завршил во Кукуш, а потоа посетувал гимназија во Битола. По војната семејството се преселило во Софија (1913), каде што извесно време го посетувал Военото училиште. Добил стипендија за да го доврши гимназиското образование во Цариград (1914), а веднаш потоа продолжил на студии по медицина. Неговиот вујко Владимир Попанастасов веќе го имал насочено кон книжевна дејност (1913). Самиот тој, пак, извршил соодветно влијание врз помалиот брат Христо Смирненски. Поради избувнувањето на Првата светска војна се вратил во Софија, кога бил мобилизиран и испратен на фронтот. По демобилизирањето (1918) работел како чиновник и се занимавал со книжевна дејност. Станал член на БКП (1921), бил член на Военотехничката комисија на ЦК на БКП и по партиски задачи патувал во СССР, Турција и Австрија. Поради преследувањето од властите, се преселил во Хасково (по април 1925). Подоцна се вработил во Софиската обласна финансиска палата (1932). Бил соработник на сп. „Барабан” (1914&1921), „Българан” (1916& 1924) и „Червен смях” (1919-1923), в. „К’во да е” (1913) „Народна армия” (1920&1923), „Щурец” (1932& 1935). Бил уредник на сп. „Маскарад” (1922), а по препорака на БКП, заедно со К. Ќулавков, го покренале хумористичното списание. „Звънар” (1924). Автор е на повеќе книги хумористични творби, песни, раскази и фељтони. Заедно со Тодор Боров, објавил три тома собрани дела на брата си Христо Смирненски[2].
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Игновски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 595. Text "series " ignored (help)
- ↑ Тома Измирлиев. // Литературен свят