Толбачик
Толбачик (руски: Толбачик) — вулкански состав на полуостровот Камчатка, источна Русија. Се состои од два вулкана, и тоа зарамнетиот штитест вулкан Плоски Толбачик (3.085 м) и стрмниот стратовулкан Остри Толбачик (3.682 м).[3] Бидејќи второспоменатиот е повисок, целата планина понекогаш го носи името „Остри Толбачик“. На Камчатка, северно од Толбачик постои и друг вулкан со име Остри, кој е неповрзан со него.
Толбачик | |
---|---|
Остри Толбачик од југозапад | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3.682 м |
Истакнатост | 2.190 м [1][2] |
Координати | 55°49′51″N 160°19′33″E / 55.83083° СГШ; 160.32583° ИГД [1] |
Географија | |
Место | Камчатка, Русија |
Геологија | |
Старост на карпата | плеистоценска |
Вид | штитест вулкан и стратовулкан |
Последен избув | 2012-2013 |
Искачување | |
Најлесен пат | просто искачување по карпи/снег |
Активност
уредиВулканот настанал во плеистоценот активен веќе неколку илјади години, но најзначајниот избув се случил во 1975 г. и е наречен „Голем расцепен толбачички избув“ (Большое трещинное толбачинское извержение) На настанот му претходела земјотресна стихија, која им овозможила негово успешно предвидување од стручњаците во Институтот за вулканологија и сеизмологија. Избувот создал неколку нови згурни конуси и исфрлил толку многу лава, што се смета за најголем базалтен избув на Камчатка во забележаната историја.
На 27 ноември 2012 г. низ двата расцепа (останати од последниот настан) почнал да се одвива стромболски тип избув. Поради базалтниот состав, лавотекот се движел мошне брзо и наскоро ги преправил градбите оддалечени 4 км. Активноста траела повеќе од еден месец, постојано прелевајќи ја околината.[4][5][6] Лавата стигнала на растојание од 20 км од пукнатините на јужното крило на планината. Според надлежните стручњаци[7], избувот сè уште трае.[8]
Минералогија
уредиФумаролните наслаги на Тобалчик имаат мошне необичен состав до таа мера што до септември 2017 г. се пронајдени дури 100 нови минерали, меѓу кои аларзитот и толбахитот.[9]
Погледи
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Russia: Kamchatka and the Russian Pacific Islands Ultra-Prominence Page — Peaklist.org посет. 26 ноември 2011 г (англиски)
- ↑ "Mount Ostry Tolbachik, Russia" — Peakbagger.com посет. 26 ноември 2011 г (англиски)
- ↑ Толбачик — summitpost.org посет. 26 ноември 2011 г (англиски)
- ↑ Edwards Ben, Belousov Alexander, Belousova Marina, Volynets Anna, Melnikov Dmitry, Chirkov Sergey, Senyukov Sergey, Gordeev Evgenii, Muraviev Yaroslav, Izbekov Pavel, Demianchuk Yury (2013) Another “Great Tolbachik” Eruption? // Eos, Transactions American Geophysical Union. V. 94, № 21. P. 189-191. - ISSN Print: 00963941. - doi: 10.1002/2013EO210002.
- ↑ Volynets Anna, Melnikov Dmitry, Yakushev Anton, Tolstykh Maria (2013) Petrology and geochemistry of the New Tolbachik Fissure Eruption volcanic rocks and their evolution during the first two weeks of eruption // IAVCEI 2013 Scientific Assembly, July 20–24, Kagoshima, Japan. P. 743.
- ↑ Volynets A. O., Melnikov D. V., Yakushev A. I. (2013) First data on composition of the volcanic rocks of the IVS 50th anniversary Fissure Tolbachik eruption (Kamchatka) // Doklady Earth Sciences. V. 452, № 1. P. 953-957. doi: 10.1134/S1028334X13090201.
- ↑ Камчатская группа реагирования на вулканические извержения (КВЕРТ)
- ↑ Сателитска снимка направена на 22 декември 2012 г.
- ↑ „Tolbachik volcano“. Mindat. Посетено на 12 January 2013.
Надворешни врски
уреди„Толбачик“ на Ризницата ? |
- Глобална програма за вулканизам Архивирано на 20 ноември 2012 г. (англиски)
- Плоски Толбачик — Институт за вулканологија и сеизмологија на РАН (руски)
- Голем расцепен толбачички избув — Институт за вулканологија и сеизмологија на РАН (руски)