Тувалски јазик — јазик од полинезиската група кој има службен статус во Тувалу. Сроден е со останатите полинезиски јазици, како што се хавајски, маорски, тахитски, самоански или тонгански. Тувалскиот јазик има позајмено доста зборови од самоанскиот јазик. Во светот се проценува дека има околу 13.000 говорници.

Тувалски јазик
Te Nganana Tuvalu
Застапен воТувалу, Фиџи, Кирибати, Науру, Нов Зеланд
Говорници10.670 во Тувалу, вкупно 13.051.  
Јазично семејство
Статус
Службен воТувалу
Јазични кодови
ISO 639-2tvl
ISO 639-3tvl
Снимка од Пауло кој зборува Тувалски

Јазични влијанија

уреди

Овој јазик имал значителен контакт со кирибатскиот јазик, потоа со самоанскиот јазик, а во последно време со англискиот јазик. Кирибатскиот јазик бил значаен за Тувалу за време на колонизацијата. Денес, јазикот има влијание од англискиот јазик.

Дијалекти

уреди

Тувалскиот јазик е поделен на две дијалектни групи: севернотувалски и јужнотувалски. Севернотувалските дијалекти се зборуваат на островите Нанумеја, Нанумага и Ниутао, додека јужнотувалските се зборуваат на Фунафути, Ваитупу, Нукуфетау и Нукулаелае. Сите дијалекти се разбираат меѓу себе. Стандардниот јазик се заснова на дијалекто Фунафути-Ваитупу.

Поврзано

уреди