Тодор Велјановски
Тодор Ј. Велјановски ( 1921 во Булачани, Скопско — 28 април 1945 во Марино, Хрватска) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]
Тодор Велјановски | ||
Роден | 1921 Булачани, Скопско | |
---|---|---|
Починал | 28 април 1945 Марино, Хрватска |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во септември 1944 година стапил во 16та македонска ударна бригада. По ослободувањето на Скопје, со Бригадата продолжил да се бори до конечното уништување на балистичките банди. Потоа заминал за Срем, каде на 12 април 1945 година учествувал во завршните операции за големиот пробив на утврдените германско-усташки позиции. На 28 април 1945 година, во новите борби против Германците и домашните квинслишки единици, загинал кај селото Марино, Хрватска.