Тодор Атанасовски

(Пренасочено од Тодор Атанасовски - Тошо)

Тодор Атанасовски (Кавадарци, 1925 - Скопје, 26 јули 2018) — македонски национално-политички деец и генерал-полковник на ЈНА. Бил активен учесник во работничкото движење спроти Втората светска војна и воено лице од НОБ (1941). Подоцна работел како комесар на баталјон и бригада во рамките на ЈНА.[1]

Тодор Атанасовски
Роден 1925
Кавадарци, Кралство СХС
Починал 26 јули 2018
Скопје, Македонија
Националност Македонец

По ослободувањето, завршил Виша воена академија и како активен офицер бил началник на Штабот на Народната одбрана на Скопје, потоа оперативен началник и командант на Територијалната одбрана на Македонија. Исто така бил член на централниот комитет на СКМ и претседател на Сојузот на борците од НОВ.

По осамостојувањето на Република Македонија членувал во Советот за национална безбедност. Автор е на голем број коментари од дневниот печат и на неколку стручни студии.[2]

Наводи

уреди
  1. „Сто македонски години“ - уредник Јован Павловски, Скопје (2004), стр. 339, 347, 690 и 697.
  2. Македонска енциклопедија (прв том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 125