Тодорова Полјана

планински превој во Пиринска Македонија

Тодорова Полјана или месност Тодорово (бугарски: Тодорова поляна) — планинско седло и превој во Пиринска Македонија, меѓу Северен Пирин на север и Среден Пирин на југ. Сместен е на териториите на Општина Неврокоп и Општина Свети Врач.[1]

Тодорова Полјана
Тодорова поляна
Тодорова Полјана is located in Пиринска Македонија
Тодорова Полјана
Тодорова Полјана
Местоположба на Тодорова Полјана во Пиринска Македонија
Надм. вис.1.827 м
МестоОпштина Неврокоп и Општина Свети Врач, Пиринска Македонија
ВенецПирин
Координати41°37′36″N 23°34′10″E / 41.6266° СГШ; 23.5694° ИГД / 41.6266; 23.5694

Седлото се наоѓа на надморска висина од 1.827 м и ги поврзува долините на реките Места на исток и Пиринска Бистрица (лева притока на Струма) на запад. Се наоѓа југоисточно од врвовите Бојков Врв (2.343 м, на о. 2 км на северозапад) и Падалото (2.044 м, на о. 1 км на северозапад). Низ неа во правец исток-запад поминува камионски пат од с. Корница за планинарските домови „Малина“ и „Пирин“.[1]

Во подрачјето на превојот се наоѓа месноста Тодорово, која претставува широка полјана со чешма и место за одмор. Низ седлото минува и планинарска патека обележана со црвено, која оди од планинарскиот дом „Пирин“ на север до планинарскиот дом „Попови Ливади“ на југ.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 493.

Надворешни врски

уреди