Тијана Милошевиќ
Тијана Милошевиќ ( Белград, 1 март 1978 ) е позната српска виолинистка и концерт-мајстор на Белградската филхармонија .[1]
Тијана Милошевиќ | ||
Податотека:Tijana Milosevic.jpg | ||
Роден | Тијана Милошевиќ 1. март 1978. |
---|
Биографија
уредиТијана Милошевиќ е родена во Белград во музичко семејство. Тијана почнала да свири виолина во својата четврта година. На 15-годишна возраст се запишала на Факултетот за музичка уметност во Белград, каде што дипломира и магистрира во класата на професорот Дејан Михаиловиќ.[2] Таа, исто така, завршила специјализирачки студии на Џулијард во Њујорк, во класата на Дороти Дилеј и Луис Каплан. Во 1998 година станала најмладиот концерт-мајстор во историјата на Белградската филхармонија. Тијана Милошевиќ е ангажирана и како заменик концерт-мајстор на Атинските камерати, а покрај позицијата концертмајстор на Белградската филхармонија, работи и како концертмајстор на камерниот ансамбл, кој со солистот Немања Радуловиќ настапува низ цела Европа.[3] Тијана Милошевиќ е активна и во областа на образованието. Таа е иницијатор и една од менторите на проектот на Академијата на Оркестарски музичари на Филхармонијата, која им овозможува на младите музичари да практикуваат оркестарско свирење на крајот од студиите, преку предавања, работилници и практично образование. Филхадемијата обезбедува работа со ментори, индивидуална и секциска работа. За стекнување искуство во сите компоненти на оркестарското творештво, учесниците заедно со Филхармонијата го подготвуваат завршниот концерт предводен од одлично рангираниот диригент Фабрис Болон.[4] Тој е професор по виолина на Академијата за уметности при Алфа Универзитетот.[2]
Албуми
уредиТаа има издадено неколку ЦД изданија за ПГП РТС, вклучувајќи соло албум од областа на класичната музика Музика за Тијана и етно џез класично амбиентално ЦД наречено World music contact.[2]
Семејство
уредиТијана е мажена за перкусионистот Зоран Кики Чаушевиќ и со него има два сина, Аљоша и Арен. Тијана е ќерка на Божидар-Боки Милошевиќ, познат српски кларинетист и магистер на музиката. Има две сестри Ксенија и Гордан. Ксенија е пејачка, виолинистка и концерт-мајстор во Белградската филхармонија.[5]
Настапи со познати личности
уредиТијана Милошевиќ настапувала со познати диригенти, меѓу кои Зубин Мехта, Невил Маринер, Курт Мазур, Дејвид Зинеман, Џејмс Де Прист, Михаил Јуровски и други, како и солисти како Исак Перлман, Џошуа Вајт, Гил Шахам, Сара Ханг, Миша Маиски и многу други.
Учество на Евровизија
уредиТијана учествувала на Евровизија како член на евровизискиот тим на Жељко Јоксимовиќ. Пејачот во 2004 година го освоил второто место на натпреварот во Истанбул, а виолинистката имала забележителна улога во неговиот настап.[6]
Интересни факти
уредиТијана Милошевиќ свири на виолина на Енрико Роко (Џенова, 1910), која е во сопственост на Белградската филхармонија.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Порекло Тијане Милошевић, виолинисткиње“. Порекло. Посетено на 8 март 2019.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „ТИЈАНА МИЛОШЕВИЋ, КОНЦЕРТМАЈСТОР“. Беографска филхармонија. Посетено на 8 март 2019.
- ↑ „Tijana Milošević i Zoran-Kiki Caušević: Naš maleni, budući pijanista“. Glossy. Архивирано од изворникот на 2019-03-27. Посетено на 8 март 2019.
- ↑ „Tijana Milošević, naš najmlađi koncert-majstor: OVO NIJE POSAO, OVO JE ŽIVOT“. Republika. Посетено на 8 март 2019.
- ↑ „Pevačica napravila prekršaj u saobraćaju!“. Blic. Посетено на 8 март 2019.
- ↑ „Ćerku Bokija Miloševića dugo nismo videli u javnosti: A evo kako danas izgleda lepa Tijana!“. Žena. Посетено на 8 март 2019.