Тичино

кантон во Швајцарија
(Пренасочено од Тичино (кантон))

Тичино (италијански: Ticino) е еден од кантоните во Швајцарија. Тичино е најјужниот кантон во федерацијата и единствен кантон каде само италијанскиот е службен јазик. Името на кантонот потекнува од реката Тичино. Тичино со граничи со Ури на север, Вале на запад, Граубинден на североисток и со Италија на југ. Во самиот кантон се наоѓа италијанската ексклава Кампионе д’Италиа. Тичино, заедно со делови од Граубинден, ја сочинуваат т.н. Италијанска Швајцарија.

Cantone Ticino
кантон во Швајцарија
Грб на Cantone Ticino
Map of Switzerland, location of Тичино highlighted
Координати: 46°19′N 8°49′E / 46.317° СГШ; 8.817° ИГД / 46.317; 8.817
Главен градБелинцона
Најголем градЛугано
Поделба157 општини, 8 окрузи
Управа
 • ИзвршнаСовет на Тичино (5)
 • ЗаконодавнаГолем совет на Тичино (90)
Население (Грешка: погрешен формат за време)[1]
 • Вкупно336,943
Највисока точка3,402 м (11,161 ст) - Адула
Најниска точка195 м (640 ст) - Маџоре
Приклучување кон Конфедерацијата1803
КратенкиTI
Јазицииталијански
Мреж. местоTI.ch

Географија

уреди

Тичино се наоѓа во јужниот дел на Швајцарија и е опколен од Италија од исток, запад и југ. На север се наоѓаат швајцарските кантони Вале, Ури и Гаубинден. Тичино има вкупна површина од 2.812 км2, од кои 3 четвртини се сметаат за продуктивни.[3] Со шума е зафатена третина од територијата на кантонот. Во кантонот се наоѓаат езерата Маџоре и Лугано. Најголема река во кантонот е реката Тичино.

Административна поделба

уреди
 
Окрузи во Тичино.

Окрузи

уреди

Кантонот Тичино е поделен на 8 окрузи:

Општини

уреди

Кантонот е составен од 157 општини, според состојбата до 2010 година. Општините се групирани во подокрузи, а подокузите во окрузи.

Демографија

уреди

Вкупното население на кантонот, според податоците за 2010 година, е 333.753 жители. Според податоците од 2007 година, во кантонот имало 82.794 странци или 25.2% од вкупното население[4]. Густината на население на кантонот е 114.6 лица на километар квадратен.[3] Во 2000 година, 83.1% од населението зборувале италијански, 8.3% зборувале германски и 1.7% зборувале српскохрватски.[3] Околу 76% од населението се Католици и 7% Протестанти.[5] Единствен службен јазик е италијанскиот.

Култура

уреди

Во кантонот се издаваат четири дневни весници на италијански јазик: Corriere del Ticino, laRegione Ticino, Giornale del Popolo и Il Grigione Italiano.[6]

Наводи

уреди
  1. Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB Ständige und Nichtständige Wohnbevölkerung nach Region, Geschlecht, Nationalität und Alter (германски)
  2. Arealstatistik Land Cover - Kantone und Grossregionen nach 6 Hauptbereichen accessed 27 October 2017
  3. 3,0 3,1 3,2 Federal Department of Statistics (2008). „Regional Statistics for Ticino“. Посетено на 2008-11-23.
  4. Federal Department of Statistics (2008). „Ständige Wohnbevölkerung nach Staatsangehörigkeit, Geschlecht und Kantonen“ (Microsoft Excel). Посетено на 2008-11-05.
  5. Federal Department of Statistics (2004). „Wohnbevölkerung nach Religion“ (Interactive Map). Посетено на 2009-01-15.
  6. „Il Grigione Italiano“. Ilgrigioneitaliano.ch. 2010-06-26. Посетено на 2012-01-28.

Користена литература

уреди
  • Marcello Sorce Keller,“Canton Ticino: una identità musicale?”, Cenobio, LII(2003), April–June, pp. 171–184; also later published in Bulletin – Schweizerische Gesellschaft für Musikethnologie und Gesellschaft für die Volksmusik in der Schweiz, October 2005, pp. 30–37.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди