Тиса (унгарски: Tisza-tó) — најголемото вештачко езеро во Унгарија. Езерото се наоѓа на југоисточниот крај на округот Хевеш, во близина на окрузите Боршод-Абауј-Земплен, Хајду-Бихар и Јас-Наѓкун-Солнок.

Тиса
Координати47°36′N 20°40′E / 47.600° СГШ; 20.667° ИГД / 47.600; 20.667
Вид на езеровештачко езеро
Главни приливиТиса
Главни истециТиса
Сливни земјиУнгарија
Најг. должина27 kм (89,000 ст) км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „&“
}}
127 km2 (49 ми) км2
Прос. длабочина1.3 м (4 ст 3 ин) м
Најг. длабочина17 м (56 ст) м

Како дел од тековниот проект за контрола на поплави на реката Тиса, браната Тиса е изградена во 1973 година. Полнењето било завршено во 1990-тите, по што е добиено езеро со површина од 127 км2. Езерото е долго 27 км, со просечна длабочина од 1,3 метри и најголема длабочина од 17 m;[1] има мали острови кои зафаќаат површина од 43 км2.[2]

По завршувањето на резерватот, жителите на Унгарија го користат како место за одмор и рекреација, бидејќи езерото Балатон, традиционално празнично место, е полно со туристи и поскапо. Како резултат на тоа, акумулацијата има развиена туристичката инфраструктура, а владата го именувала за официјално туристичко одредиште.

Локалната власт води строга еколошка политика во врска со езерото и блиската околина, каде има разновидни птици, растенија и животни. На езерото Тиса е подигнат екоцентар за да се соберат и да се прикажат природата и живиот свет во долината на реката и езерото. Екоцентарот бил отворен за јавноста на 27 април 2012 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Lake Tisza Lakepedia.com
  2. EU funds squandered building islands of mud in Lake Tisza Архивирано на 7 јуни 2017 г. Budapestbeacon.com

Надворешни врски

уреди