Тиванаку (Tiwanaku) или Тијауанако (Tiahuanaco)[1] е важен претколумбовски археолошко наоѓалиште во западниот дел на Боливија во Јужна Америка. Андските истражувачи и археолози го опишуваат како претходник на Тавантинсују. Тиванаку се наоѓа во близина на југоисточниот брег на езерото Титикака на околу 72 километри оддалеченост од Ла Пас. Градот во европската историографија бил за првпат забележан од страна на шпанските освојувачи и во хрониките на Педро Сиеза де Леон. Леон стапнал во Туванаку во 1549 година кога бил на истражувачка мисија за пронаоѓање на градот Коласују.[2] Некои научници и истражувачи ја предложиле хипотезата дека името на наоѓалиштето потекнува од ајмарскиот збор taypiqala, што значи „камен во центарот“, алудирајќи на верувањето дека градот се наоѓа во центарот на светот.[3] Сепак, оригиналното име на наоѓалиштето не е познато бидејќи народот кој живеел во него немал пишан јазик.[4][5]

Тиванаку: духовен и политички центар на цивилизацијата Тиванаку
светско наследство на УНЕСКО
„Портата на Сонцето“
Критериумкултурен: iii, iv
Навод567
Запис2000 (24-та заседание)

Организација

уреди

Тиванаку брзо се развил во урбан центар во периодот од 600 до 800 година и станал важна регионална сила во јужните Анди. Според раните проценки, во својот најголем подем, градот зафаќал околу 6.5 км2 и имал од 15.000 до 30.000 жители.[6] Сепак, во скоро време, со помош на сателитски снимки се разгледувале фосилизираните „поплавени издигнати полиња“ („сука колус“) во околината на три села во Тиванаку се проценило дека земјоделските обработливи површини имале капацитет за од 285.000 до 1.482.000 жители.[7]

Од локална сила Тиванаку преминал во моќна држава во 400 година. Државата ја проширила својата територија во Јунгас и со тоа ја донела својата култура и начин на живот во денешни Перу, Боливија и Чиле. Сепак важно е да се напомене дека државата немала целосно насилен карактер. При ширењето на својата територија, Тиванаку користела политичка итрина, создаваа колонии и склучувала трговски договори.[8]

Тиванаку продолжила да се развива без некои опасности за својот пад. Вилијам Исбел вели дека „Тиванаку подлегнал на драстични промени меѓу 600 и 700 година и се основале нови монументални стандарди за граѓанската архитектура и во голем дел се зголемило населението“.[9] Тиванаку продолжил со примање на различни култури, наместо да ги занемарува. Силата на Тиванаку се зголемила со основањето на стабилна трговија меѓу градовите во империјата.[8]

Елитата на Тиванаку ја зацврстила својата положба преку контролата на вишокот храна, кој бил собран од периферните области и раздадена на населението. Дополнително на тоа, елитната класа и нивната контрола на ламите станал значаен механизам за контрола на државата. Ламата се користела за транспорт на стока и таа симболизирала класна разлика меѓу елитната класа и обичниот народ. Сето ова придонело да се зголеми моќта на државата сè до 950 година. Во тој период во државата се случила драматична промена на климата.[10]

Врнежите во басенот на Титикака значително се намалиле. Некои археолози го означиле овој период како период на суша. Како што се намалувале врнежите, голем број градови кои биле оддалечени од езерото започнале да даваат помалку храна на владеачката елита, а со тоа се намалила нивната моќ. Главниот град бил последен кој имал проблеми со сушата, најмногу поради начинот на одгледување. Тиванаку сосема се распаднал во 1000 година, најмногу поради сушата, недостатокот на храна и моќта на владеачката елита. Областа била ненаселена со векови по падот на Тиванаку.[10]

Меѓу 1438 до 1527 година, Империјата на Инките, за време на својоата најголема територијална експанција, презела контрола врз територијата на денешна Боливија. Сепак, Инките немале контрола врз регионот за долг период бидејќи Империјата почнала да слабее. Тоа довело до полесно освојување на територијата од страна на Шпанците.

Археолошки ископувања

уреди
 
Стела во Тиванаку.

Голем дел од архитектурата на наоѓалиштето е во слаба состојба на конзервација и истиот подлегнал на голем број аматерски ископувања сè со цел на пронаоѓање вредни артефакти, особено веднаш по падот на градот. Покрај тоа, шпанските колонизатори во голем дел придонеле за разрушување на градот, кога во 20 век користеле и оригинални камени блокови од локалитеот за изградба на железнички линии.

Дополнителни тешкотии за архелозите претставува недостатокот на постоечки градби на денешното место. На наоѓалиштето има зданија со лошо реконстриурани ѕидови. Низ историјата, на дел од градбите им била променета намената и со тоа се добило мешавина на артефакти на наоѓалиштето.

Детална анализа на Тиванаку започнала во средината на 19 век. Во 1860-те, Ефраим Џорџ Скваир го посетил локалитеот и подоцна издал карта и скици поврзани со Тиванаку. Германскиот геолог Алфонс Стубел поминал девет дена во Тиванаку во 1876 година и направил карта на наоѓалиштето заснована на внимателни мерења. Тој исто така дал скици и дал описи за изработката и архитектонските стилови. Во 1892 година Фон Грумбков издал книга за наоѓалиштето со слики и документација и таа била првиот детален научен труд за Тиванкау.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Ова е шпански назив за наоѓалиштето. Наоѓалиштето е познато и под следните имиња: Тијауанаку, Тијахуанаку, Тијахуанако или Тиванако
  2. Kolata, Alan L. (December 15, 1993). The Tiwanaku: Portrait of an Andean Civilization. Wiley-Blackwell. ISBN 978-1557861832. Посетено на 9 August 2009.
  3. Kelley, David H.; Milone, Eugene F. (November 19, 2004). Exploring Ancient Skies: An Encyclopedic Survey of Archaeoastronomy. Springer. ISBN 978-0387953106. Посетено на 9 August 2009.
  4. Hughes, Holly (October 20, 2008). Frommers 500 Places to See Before They Disappear (500 Places). Frommers. стр. 266. ISBN 978-0-470-18986-3. Архивирано од изворникот на 2009-08-30. Посетено на 9 August 2009.
  5. „Profile: Fabricio R. Santos - The Genographic project“. Genographic Project. National Geographic. Посетено на 2009-08-09.
  6. Kolata, Alan L. 'The Tiwankau: Portrait of an Andean Civilization'. Blackwell Publishers, Cambridge, 1993. p. 145
  7. Kolata, Alan L. Valley of the Spirits: A Journey into the Lost Realm of the Aymara. John Wiley and Sons, Hoboken, 1996.
  8. 8,0 8,1 McAndrews, Timothy L. et al. 'Regional Settlement Patterns in the Tiwanaku Valley of Bolivia'. Journal of Field Archaeology 24 (1997): 67–83.
  9. Isbell, William H. 'Wari and Tiwanaku: International Identities in the Central Andean Middle Horizon'. 731–751.
  10. 10,0 10,1 Kolata, Alan L. 'The Tiwankau: Portrait of an Andean Civilization'. Blackwell Publishers, Cambridge, 1993.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди