Тетово (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Тетово

Карта

Местоположба 42°00′00″N 20°58′00″E / 42.00000° СГШ; 20.96667° ИГД / 42.00000; 20.96667
Основни податоци
Место Тетово
Општина Тетово
Тип

 осамен наод


Период доцнобронзено време
Портал „Археологија“

Тетовоархеолошко наоѓалиште во Тетово. Претставува осамен наод од доцнобронзеното време. Археолошкиот музеј откупил меч случајно откопан во градот. Мечот е од микенски тип и се датира во XIV-XII век пред н.е. Излеан е од бронза и има долга танка форма. Бил наменет за парадни цели и веројатно како знак на достоинство ѝ припаѓал на истакната личност од Полог. Овој меч, заедно со ваквите наоди од Скадар, ги означува најсеверните простори до кои допирале производите од микенско-егејската област.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069