Термометриска температура

Термометриска температура или температура на сув топломертемпературата на воздухот мерена со топломер слободно изложен на воздухот, но заштитен од зрачење и влага. Термометриската температура е температурата што обично е сметана за температура на воздухот и тоа е вистинската термодинамичка температура. Ја означува количината на топлина во воздухот и е директно пропорционална со просечната кинетичка енергија на молекулите на воздухот. Температурата обично се мери во степени целзиусови (°C), келвини (К) или степени фаренхајтови (°F).

Влажност и хигрометрија
Одредени концепти
Општи концепти
Мерки и инструменти

За разлика од температурата на заситување, термометриската температура не ја покажува количината на влага во воздухот. Во градежништвото, важно е да се земе предвид при проектирање на зграда за одредена клима. Нал ја нарекол една од „најважните климатски променливи за човековата удобност и енергетската ефикасност на зградата“.[1]

Термометриската температура е важна променлива во психрометриката, која е хоризонтална оска на психометриската табела.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Nall, D. H. (ноември 2004). „Looking across the water: Climate-adaptive buildings in the United States & Europe“. The Construction Specifier. 57: 50–56. ISSN 0010-6925.