Темјаника
Темјаника[1] — стара питома сорта на винова лоза (грозје). Има посебен вкус и мирис (кој се чувствува на неколку метра оддалеченост кога е зрело), па оттука и името. Почнува да созрева во средината на септември, а на зрелите зрна им пука кожата. Целиот вкус и мирис може да се почувствуваат само кога овошјето е целосно зрело и ќе ја достигне својата целосна сладина, што е некаде во средината на октомври. Плодот е со темновиолетова боја, зрната се речиси правилни топчиња со големина 10-15 мм, а понекогаш и до 20 мм.
Темјаника | |
---|---|
Темјаника | |
Грозје темјаника | |
Боја на лушпата | црвена |
Региони | Македонија, Србија, Бугарија |
Вина | темјаника |
Идеална почва | варовник |
Особини на виното | |
На умерено поднебје | јаболко, ананас |
Од ова грозје се прави истоименото вино. Од плодот на темјаниката на пазарот најмногу се достапни бели вина, но малку е познато дека има и црна темјаника.
Потекло на поимот
уредиИмето го добило според темјан, заради јакиот мирис на зрелото грозје кое се чувствува на неколку метри оддалеченост.
Виногорје
уредиСе одгледува во Македонија, Србија и Бугарија.
Според Правилникот за реонизација на лозарските подрачја во Македонија[2] темјаника е препорачана сорта во Тиквешкото и во Велешкото виногорје.
Вина
уредиВиното се одликува со брилијантна и нежна сламесто жолта боја, елегантен и сензуален мирис. Преовладуваат овошни ароми на праска и тропско овошје, надополнети со зачински поттонови на бели цветови и бозел. Вкусот е средно полн, со префинета хармонична свежина и долг овошно-зачински послевкус.
Консумирање
уредиСе препорачува консумација на температура од 7-10°С, како аперитив или во комбинација со лесни предјадења, салати и aзиска кујна. Ова вино одлично се комбинира и со суви колачи и овошни пити.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „темјаника“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Правилник за реонизација на лозарските подрачја“ (PDF). Службен весник на Социјалистичка Република Македонија. 2.4.1980. Посетено на 26 февруари. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „CHATEAU KAMNIK, TEMJANIKA 2022“. Винарија Камник. Посетено на 26 февруари. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)