Текла (сопруга на Михаил II)

Текла (? -823) била византиска царица, прва жена на царот Михаил II Амориецот.

Текла
Византиска царица
На престол820-823
Крунисување820
ПретходникТеодосија
НаследникЕфросина
Починал(а)823
СопружникМихаил II Амориецот
ДецаТеофил
ТаткоБарданиј Турски
МајкаДомника

Семејство

уреди

Текла била ќерка на Барданиј Турски, стратег на тема Анатоликон и неговата сопруга Домника. Се претпоставува дека родителите на Текла биле од ерменско потекло. Прекарот на нејзиниот татко бил "Турски" или "Потурчениот", но тоа не го докажува неговото турско потекло бидејќи во текот на 9 век, со називот Турци во Византија се нарекувале Хазарите.

Во 803 Барданиј крнал бунт против царот Никифор I, кој го узурпирал нелегално престолот во Цариград во 802 година. Бунтот на Барданиј бил поддржан од делови на византиската војска, но Никифор I успеал да ги победи бунтовниците. По неуспехот на бунтот Барданиј бил принуден да се замонаши и бил прогонет во манастир на остров Проти. Но Никифор I сè уште го сметал поранешниот стратег за опасен противник и поради тоа наредил да биде ослепен.

Царот сепак дозволил на Домника да го задржи семејното богатство, благодарение на што таа основала манастир. Наводно Текла имала уште една сестра и неколку браќа. Спооред Теофан, по бунтот на Барданиј, браќата на Текла биле исто така затворени во манастир, а нејзината сестра и снаа заминале во новооснованиот манастир на Домника.

Брак

уреди

Според Теофан Исповедник, Барданиј ја омажил својата ќерка Текла за војводата Михаил, за да обезбеди поддршка во бунтот против Никифор I. За време на бунтот сепак Михаил и идниот цар Лав V Ерменец се префрлиле на страната на цар Никифор I, што била една од причините за неуспехот на Барданиј.

Текла и Михаил имале еден син, идниот цар Теофил (813-842).

Царица

уреди

Во 820 година Михаил бил обвинет во заговор против царот Лав V Ерменец и фрлен во затвор. Сопругот на Текла сепак успеал да побегне од затвор и го организирал убиството на Лав V за време на божикната литургија во патријаршиската катедрала Аја Софија во Цариград. Царот влегол во катедралата без стража и поради тоа не можел да се заштити.

По убиството на Лав V за цар бил крунисан Михаил, а Текла била прогласена за нова царица и ја добила титулата августа.

Текла починала во околу 823 година, а по смртта Михаил се оженил повторно за Ефросина, ќерка на царот Константин VI Слепиот.

Литература

уреди
  • Lynda Garland, Byzantine Women:Varieties of Experience 800-1200 (2006)

Надворешни врски

уреди
Претходник
Теодосија
Византиска царица
820 – 823
Наследник
Ефросина