Тања Балаќ

македонска сликарка

Тања Балаќ — македонска сликарка, родена во 1968 година во Скопје.

Тања Балаќ
Родена 1968
Скопје, Македонија Република Македонија
Занимање сликар

Животопис

уреди

Тања Балаќ дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство во Скопје, во 1991 година. Во 2008 година, Тања Балаќ добива звање магистер на истиот факултет. Член е на ДЛУМ од 1996 година, и во периодот од 2006 до 2013 година е претседател на ДЛУМ. Надвор од земјата, во 2003 година посетувала студии во Париз, а учествувала и на бројни конференции и работилници надвор од Македонија. Покрај сликарството, Тања Балаќ работи и инсталации, уметнички видео проекти, и уметнички претстави. Работи и живее во Скопје.

Самостојни изложби

уреди
  • 1992 - Скопје, Културно-иформативен центар (КИЦ),
Тетово, Културен центар,
Охрид, кафе-галерија „Кафе Мецо форте“
  • 1996 - Скопје, Културно-иформативен центар (КИЦ)
Кичево, Културен центар „Кочо Рацин“,
Куманово, „Уметничка галерија“
  • 1997 - Скопје, Културно-иформативен центар (КИЦ)
  • 1999 - канцеларија на ЈАТ во Скопје, хуманитарна изложба „Децата од Југославија“
  • 2002 - Галерија „Белград“, Зрењанин,
Галерија „Духовен центар“, Србија,
Уметничка галерија „Љубов од 1000 километри“, Бања Лука, Република Српска
Париз, Франција
„Мала станица“, Скопје
Галерија „Око“, Скопје

Групни изложби

уреди

Тања Балаќ учествувала на повеќе од 80 групни изложби во Македонија и во странство: Франција, САД, Полска, Бугарија, Србија, Русија, Шведска, и други.

Инсталации

уреди

2009 – „Куфер полн тага“ - Музеј на Град Скопје; 2012 – „Оживување, пеење на името“ - зимски салон 2012, Безистен; 2013 – „Кој е во публика“; 2013 – „Граѓани“ - видео инсталација; 2014 – „Триптих“ - зимски салон 2014, Национална галерија на Македонија; 2016 - „Приватноста на...“ - зимски салон 2016, Национална галерија на Македонија

Награди

уреди

Тања Балаќ е добитник на повеќе награди за својата работа, и тоа: Награда „Жената симбол и инспирација“, Културен центар „Кочо Рацин“, Скопје во 1992 година, Награда за млади уметници, „Константин Мазев“ на изложбата во КИЦ во 1995 година, Награда „Методија Ивановски Менде“ на КИЦ во 1996 година, Награда „Никола Мартиновски“ во 2001 година, Награда „Пејзаж“, ДЛУМ галерија во 2003 година, Награда „Нерешки мајстори“ на ДЛУМ во 2015 година.[3]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-02-27. Посетено на 2017-01-09.
  2. http://www.time.mk/c/7b79cb5799/izlozba-na-tanja-balak.html
  3. http://www.vest.mk/?ItemID=5A9FD4972FDCBB429790B488648FC1A7[мртва врска]