Тајфунот Нари, познат на Филипините исто како тајфун Санти, бил силен и смртоносен тропски циклон кој прво го погодил Лусон пред да го погоди Виетнам. Ова бил осми тајфун во сезоната на тајфуните во 2013 година. Тајфунот Нари бил смртоносен, и се појавил на копното на 14 октомври 2013 како умерена категорија 1.

Метеоролошка историја

уреди

На 8 октомври 2013 година, Јапонската метеоролошка агенција (JMA) започнала да го следи тропскиот циклон, која се развила во областа со ниско до умерено вертикално стрижење на воздухот, околу 1,150 км (715 милји) југозападно од Манила на филипинскиот остров Лусон.[1][2] Системот последователно го добил името Санти од Филипинската управа за атмосферски, геофизички и астрономски услуги додека се движел по јужниот раб на суптропскиот гребен со висок притисок.

Подоцна истиот ден, Заедничкиот центар за предупредување за тајфуни на Соединетите Држави иницирал советувања за системот и го назначил како тропски циклон 24W, откако ниско-циркулациониот-центар на системот почнал да се консолидира.

Во текот на следниот ден по централната конвекција за системите, ниско-циркулациониот-центар на системот се зголемил, и JMA објавил дека циклонот се развил во тропска бура, при што подоцна ја именувале како Нари.[1][3] Нари брзо се засилил во Филипинското Море, при што Јапонската метеоролошка агенција и ПАГАСА го прогласиле системот за тајфун. Нари бил трета категорија во моментот кога поминал низ брегот во Дингалан, Аурора. Прекините на електричната енергија зафатиле голем дел од централниот Лусон додека тајфунот го преминувал регионот.[4] Пет лица загинале поради паѓање на дрвја и лизгање на земјиштето од Нари додека тајфунот слабеел кон втора категорија на 12 октомври. Нари ослабел до силна тропска бура одкога стигнал до копното на 13 октомври. На 16 октомври во раните часови ЈMA ги кажале последните препораки за Нари, додека тајфунот изчезнувал. На Филипините вкупно 15 луѓе биле мртви, додека 5 се воделе како исчезнати, а вкупните економски загуби изнесувале 12,3 милијарди филипински пезоси (277,34 милиони американски долари).[5]

Подготовки и влијание

уреди

Филипини

уреди

Во текот на 9 октомври, ПАГАСА издаде јавен предупредувачки сигнал за бура број 1 за островската провинција Катандуанес, пред да ги прошири областите што ги опфаќал Сигнал 1 на почетокот на следниот ден влучувајќи ги и Аурора, Камаринс Норте, Камаринс Сур, Изабела, Островите Полило и Кезон.Подоцна истиот ден, откако системот се засилил во тајфун и се забрзувал малку кон Филипините, ПАГАСА постави 17 области во Лусон под Сигнал 1, 14 области под Сигнал 2 и провинција Аурора под Сигнал 3.[6] Во текот на 11 oктомври, областите под Сигналот 3 биле проширени за да ги вклучат Бенге, Ифугао, Илокос Сур, Изабела, Ла Унион, Пангасинан, островот Полило, Квирино, Нуева Еција и Тарлак. [7] Во текот на следниот ден, предупредувањата постепено беа ревидирани пред сите потоа да бидат откажани во текот на 12 октомври, бидејќи системот се преселил од Филипинската Област на Одговорност и се движел кон Виетнам.[8][9]

Во рамките на Филипините, вкупно 15 луѓе останале мртви, додека 5 се водат како исчезнати, додека вкупните економски загуби изнесувале 3,3 милијарди филиписнки пезоси (77 милиони американски долари).

Виетнам

уреди
 
Штети во Виетнам од тајфунот

Пред пристигнувањето на тајфунот, повеќе од 122.000 жители биле евакуирани од ранливите провинции кон повисоките места. Во Дананг, војници биле испратени да им помогнат на луѓето да ги обезбедат своите домови од очекуваните ветрови и да ги водат бродовите кон засолниште. Илјадници патници останале заглавени бидејќи Виетнам Ерлајнс откажале над десетина летови.[10] Вкупно Тајфунот Нари предизвикал 26 смртни случаи и економски загуби од 4.315 милијарди виетнамски донги (204,5 милиони американски долари,во 2013 година).

Лаос

уреди

На 16 октомври, лошите временски услови од остатоците од тајфунот Нари било наведено како веројатната причина за падот на летот 301 на Лао Ерлајнс, при пристапот кон меѓународниот аеродром Паксе, при што загинале сите 49 патници и членови на екипажот. Уште 4 лица загинале директно поради невремето.

Кина

уреди

Вкупните штети во Кина се пресметани во износ од 50 милиони кинески јуан (8,19 милиони американски долари).

Пензионирање

уреди

ПАГАСА објави дека името Санти ќе биде повлечено од списоците за именување откако предизвикало над 1 милијарди филипински пезоси отштета.[11] ПАГАСА го избра името Саломе да го замени Санти за сезоната 2017.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 (Report). Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  2. Joint Typhoon Warning Center (October 8, 2013). „Tropical Cyclone Formation Alert: October 8, 2013 12z“. United States Navy, United States Airforce. Архивирано од изворникот на October 13, 2013. Посетено на October 13, 2013.
  3. Joint Typhoon Warning Center (October 8, 2013). „Prognostic Reasoning for Tropical Storm 24W Warning Nr 004“. United States Navy, United States Airforce. Архивирано од изворникот на October 10, 2013. Посетено на October 13, 2013.
  4. „TS Santi intensifies, may cross Central Luzon“. ELR, GMA News. October 10, 2013. Посетено на October 10, 2013.
  5. „Sitrep No.11 re Effects of TY "SANTI" (PDF). National Disaster Risk Reduction and Management Council. Архивирано од изворникот (PDF) на October 16, 2013. Посетено на November 23, 2013.
  6. „Tropical Cyclone Warning Bulletin: Typhoon "Santi" October 10, 2013 21z“. Philippine Atmospheric, Geophysical and Astronomical Services Administration. October 10, 2013. Архивирано од изворникот на October 11, 2013. Посетено на October 13, 2013.
  7. „Tropical Cyclone Warning Bulletin: Typhoon "Santi" October 11, 2013 09z“. Philippine Atmospheric, Geophysical and Astronomical Services Administration. October 11, 2013. Архивирано од изворникот на October 12, 2013. Посетено на October 13, 2013.
  8. „Tropical Cyclone Warning Bulletin: Typhoon "Santi" October 12, 2013 21z“. Philippine Atmospheric, Geophysical and Astronomical Services Administration. October 13, 2013. Архивирано од изворникот на October 13, 2013. Посетено на October 13, 2013.
  9. „Tropical Cyclone Warning Bulletin: Typhoon "Santi" October 13, 2013 03z“. Philippine Atmospheric, Geophysical and Astronomical Services Administration. October 13, 2013. Архивирано од изворникот на October 12, 2013. Посетено на October 13, 2013.
  10. Ho Binh Minh; Paul Tait (October 15, 2013). „Typhoon Nari hits Vietnam, 122,000 people evacuated“. Reuters. Reuters. Посетено на October 16, 2013.
  11. 'Yolanda' joins 'Labuyo,' 'Santi' in retired list“. Manila Bulletin. November 23, 2013. Архивирано од изворникот на November 23, 2013. Посетено на November 24, 2013.

Надворешни врски

уреди