Танаско Стефаноски

Танаско Миајлев Стефаноски ( 1911 во Светораче, Кичевско1944 во Тузла, Босна и Херцеговина) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и Југославија, учесник во НОВ.[1]

Споменик на борците од НОВ на Македонија во Светораче, меѓу кои е запишан ѝ Танаско Стефаноски.

Животопис

уреди

Поради тешките услови за живот, бил принуден да оди на печалба и да работи како пекарски работник во Тузла. Определен за целите на народно ослободителното движење, заминал партизан во летото 1944 годнна во единиците на НОВ на тој терен. Загинал во борба со окупаторот во есента 1944 година во околината на Тузла.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 125.