Интернет-телевизија
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Интернет-телевизија, или поинаку позната како Интернет ТВ или Онлајн ТВ, не треба да се меша со Веб- ТВ или Интернет протокол ТВ (ИПТВ), претставува телевизиски сервис кој се пренесува преку Интернет. Некои телевизии се познати како „Телевизија по избор“ или catch-up TV. Таа стана позната со сервисите како што се BBC iPlayer, 4oD, ITV Player исто STV Player и UTV Player и Demand Five во United Kingdom; Hulu и Revision3 во САД, Холандија; ABC iview и Australia Live TV во Австралија SeeSaw; RTÉ Player во Ирска; и многу други. За повеќе информации, погледни го списокот на телевизиските услужници.
catch-up TV мрежно место е оној кој овозможува да се гледаат телевизиските програми откако веќе се емитувани, а чие емитување овозможува рекламирање насочено кон точно утврдена група на гледачи.
Концепт
уредиИнтернет телевизијата овозможува на корисниците да одберат програма или телевизиско шоу кое сакаат да го видат од архива на програми. Двете форми на гледање на Интернет телевизијата ја насочуваат содржината директно кон медија уредот или со едноставно преземање на програмата на компјутерот на корисникот.
Со појава на „ТВ по избор“ пазарот сè повеќе расте и се шири и овие портали и апликации, односно програми се нешто што големите телевизии мораат да го имаат.
На пример BBC iPlayer се здоби со корисници кои го користат кои овозможуваат гледање на повеќе од еден милион видео снимки неделно. Со емитување една од најгледаните забавни програми „Приправник „ BBC iPlayer зафаќа од три до пет проценти од британскиот интернет сообраќај, пред сè поради големиот број на гледачи кои во исто време ја гледаат првата епизода на серијава на BBC iPlayer-от.
Секоја вечер гледаноста на „ТВ по избор“ достигнува максимум околу 22 часот. Повеќето од услужниците поддржуваат неколку формати и одржуваат контрола на квалитетот, така што снимените материјали можат да бидат гледани преку различни уреди. Некои сервиси нудат услуги со висок квалитет и со високи резолуции, таканаречени ХД, но воедно ги пренесуваат и оние со стандардни резолуции- СД, при што пренесувањето и на едните и на вторите е еднакво и зависи единствено од квалитетот на уредот кој се користи. До 2006 година, повеќето од овие сервиси користеа меѓусебно вмрежување (P2P), кое овозможува споделување на преземените апликации и податоци меѓу корисниците, а не преку услужникот кој нуди стандардизиран метод на пренесување.
Конкуренти на пазарот
уредиМногу услужници на Интернет телевизиските сервиси опстојуваат со вклучување на конвенционални телевизиски станици кои го прифатија предизвикот на интернетот како начин за натамошно емитување на програмите откако претходно биле прикажани, а кои се рекламираат како „тв по избор“ или „ catch-up“ услуги. Денеска речиси сите поголеми радио-телевизиски дифузери во светот оперираат преку интернет телевизиските платформи.
Примерите го вклучуваат BBC, кој всушност како новина го воведе BBC iPlayer на 25 јуни 2008 година како проширување на нивниот "RadioPlayer" и на веќе постојното емитување на видео клипови и Channel 4 кој почна со 4oD (кое значи всушност „4 на барање“) во ноември 2006 година овозможувајќи им на корисниците да ги гледаат неодамна објавените забавни програми. Повеќето интернет телевизиски сервиси им овозможуваат на корисниците да ја гледаат содржината без плаќање, но има и содржини за кои треба да се плати. Други Интернет сервисни услужници ги вклучуваат Australia Live TV, SeeSaw, ITV player, TVCatchup, Demand Five, Eurosport player и Sky Player.
Достапност/користење
уредиМожноста за достап до интернет телевизијата во голема мера зависи од брзината на интернетот. Ограничувања применети во многу земји, како на пример во однос на ширината на брановите попречуваат можност од евентуални вмешувања на други станици. Во Европската унија само дваесет и пет проценти од корисниците во текот на 2010 година имаа достапност до Интернетот. За користење на интернет сервис услужник, нешто што е вообичаено во многу домови во развиениот свет, корисникот едноставно ја внесува саканата семрежна адреса. На пример, bbc.co.uk/iplayer или [1]. Доколку корисникот не ја прецизира посакуваната услуга, името на избраната телевизиска програма може да биде впишано во пребарувачот со додавка на нешто за појаснување како: онлајн емитување или гледање преку мрежа. Достапноста до телевизијата преку интернетот никогаш досега не била полесна, поради што користењето на расположливите сервиси треба да се унапреди, а притоа да се запази едноставноста на процесот на следење.
Со избор на програма и мрежното место, корисникот може да чека неколку секунди или минути до отворање, односно емитување на бараната програма. Процесот наречен „ублажување“ или buffering располага со меѓу-меморија и овозможува емитување на програмата на едноставен, елегантен начин.
Контрола
уредиКонтролирање на содржината на интернетот претставува предизвик за многу услужници; Тоа е обид да се обезбеди дека на корисникот му е овозможено да гледа одредени програми според старосен сертификат. Услужниците користат методи како што е родителска контрола, која овозможува рестрикции на користење и ограничена достапност до материјали кои бараат сертификат. Така, BBC iPlayer користи родителска контрола со тоа што на родителите им ја остава опцијата на „заклучување“ на одредени содржини за кои е потребна шифра за достапност.
Метод на „обележување“ или на „ украсување“ може да биде полезен за визуелно предупредување на корисникот оти содржината е селектирана или дека се работи за промени во програмата која е објавена. Критериумот на респект се користи таму каде што од корисникот се бара да ги внесе податоците како што се датумот на раѓање или возраст за да се потврди оправданоста од користење на ограничувања на содржини според старосната граница.
Архиви
уредиАрхива е колекција на информации и медиуми, повеќе како библиотека или пак, како средство за интерактивно архивирање. За медиумските сервиси „по избор“ неопходно е да поддржуваат архиви на материјали, така што корисниците можат да гледаат програми кои веќе се емитувани на стандардна радио- дифузна телевизија. Секако, архивирањето може да варира од една недела до неколку месеци или години, зависно од старателот, оној кој ја одржува програмата и нејзината содржина. На пример, програмите на ББЦ iPlayer се на располагање генерално седум дена по нивното оригинално објавување. Ова се вика модел на „ фатено во седум дена“, што е всушност модел кој веќе станува индустриски стандардизиран за интернет телевизиските сервиси во многу земји во светот.
Секако, дел од програмите можат да бидат достапни и за покус временски период. Другите, пак како „Панорама“ се достапни во продолжен период бидејќи се работи за програма заснована на реални податоци и со висок степен на гледаност и се смета дека вреди вложување екстра пари потребни за нејзино претставување на јавноста за подолг временски период.
Спротивно на ова, 4oD, канал 4 на сервисот „по избор“ нуди многу од своите малку постаи програми, без оглед што се првично емитувани и пред неколку години. Такви се комедиите „The IT Crowd “каде корисникот ја гледа целата серија преку интернет уредот. Истото се однесува и на другите хит комедии од Канал 4 како „The Inbetweeners“ и „Black Books“.
Имањето обемна архива може да донесе бројни проблеми, еднакво како и полезност. Долгите архиви се скапи за одржување, зависат од можноста на опслужувачот за обременување или за масовно складирање на материјали што е неопходно напоредо со капацитетот за нивно пренесување. Долги и обемни архиви се тешки за каталогизација и сортирање според видови, со што се всушност полесно достапни до корисниците.
Полезноста од ваквите архиви е многу поголема отколку што се бројни проблемите што истите ги создаваат. Тоа оттаму, што огромните архиви носат голем број на нови корисници на поголем број на медиуми, што севкупно значи поширока јавност, но и повеќе приходи од маркетинг услугите. Практично, големите архиви значат дека корисникот ќе помине повеќе време на корисничкото мрежно место, отколку што ќе посака да шета по други мрежни места да пребарува, што едноставно го наметнува се посилната конкуренција.
Радио дифузни права
уредиРадио дифузни права варираат од земја до земја, дури и меѓу различни региони од иста земја. Според овие права се уредува дистрибуцијата на содржините со заштитени авторски права и работата на медиумите, но воедно тие овозможуваат поединечна дистрибуција на содржината во било кое време.
Пример за програми кои се пренесуваат единствено во една земја е токму BBC iPlayer. Корисниците можат да ја следат програмата единствено доколку живеат во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска – тоа оттаму што ББЦ единствено овозможува бесплатно гледање на нивните производи во рамките на Британија, едноставно затоа што корисниците плаќаат радио дифузна такса за да финансираат дел од програмите на националниот сервис ББЦ.
Радио дифузните права можат да бидат рестриктивни, со што му овозможуваат на радио дифузерот да дистрибуира содржина за точно лимитирано време Некои компании плаќаат големи износи на средства за лиценци особено за радио дифузните права за пренесување на спортски настани.
Заработка и чинење
уредиСо исклучок на цената на приклучокот на Интернет, повеќето мрежни телевизии се бесплатни. Овие мрежни места успеваат да одржат бесплатни телевизиски сервиси благодарение на видео рекламирањето, кратките комерцијални и рекламни огласувања кои се прикажуваат пред почетокот на видео записот. Пример за ова е мрежното место на abc.com catch-up телевизија каде што наместо долгите рекламните прекини на стандардните телевизии, се објавува платена реклама од не повеќе од триесет секунди.
Кусо време за реклама значи дека гледачот, како корисник на услугата нема да биде презаситен со вакви рекламни содржини, што самото води кон заштеда на средства за ваков вид на активности. Воедно тоа ќе му отвори можности на веб дизајнерот да понуди квалитетна и креативна содржина која во спротивно би чинела повеќе. Ова е начин на кој интернет телевизиите прават профит.
Технологии користени за интернет телевизија
уредиHybrid Broadcast Broadband TV (HbbTV) е конзорциум на неколку индустриски компании (како што се SES Astra, Humax, Philips, и ANT Software кој моментално промовира и воспоставува отворени европски стандарди (наречени HbbTV) за хибридно поставени кутии за прием на програма и за пренесување на дигиталната телевизија и мултимедијални апликации со поединечен интерфејс.
Актуелните услужници на интернет телевизии користат различни технологии да обезбедат услуги како што се поединечни вмрежувања peer-to-peer (P2P) технологии, VoD системи, и емитувања во живо. BBC iPlayer користи Adobe Flash Player за да обезбеди емитување на видео клипови и други софтверски програми на Adobe за потреби на услуги за преземање. CNBC, Bloomberg Television и Showtime користат пренесување во живо од BitGravity. DRM (digital rights management)софтвер е вклучен во многу интернет - телевизиски сервиси. Sky Player има софтвер обезбеден од Microsoft за да спречи копирање на содржини. Интернет телевизија е исто така вкрстена платформа, Sky Player услугата е проширена со Xbox 360 и на Windows Media Center а потоа и на Windows 7, BBC iPlayer е достапен преку Virgin Media сервис по избор и на други платформи како што е FetchTV и за игри Xbox 360, Wii и PlayStation 3. Другите интернет платформи вклучуваат мобилни платформи како што се iPhone и iPod Touch, Nokia N96, Sony Ericsson C905 и многу други мобилни направи.
Мрежно место и апликациии
уредиГлавен проблем на видео сервисите „на барање“ се апликациите на работната површина на компјутерот кои корисниците требаат да ги симнат и да се регистрираат. Многу е полесно за корисникот едноставно да се логира на мрежното место без да се регистрира, отколку да „троши“ време на регистрација и симнување на најчесто обемни програми. Како и да е, апликациите се многу моќни бидејќи овозможуваат подобро симнување на содржини и овие програми вообичаено можат да се гледаат 3о дена по нивното оригинално емитување.
Квалитет на преносот
уредиКвалитет на преносот се однесува на квалитетот на сликата и аудио преносот од опслужувачот на пренесувачот до корисникот или мониторот.
Висок квалитет на видео како што е видео со висок квалитет на слика HD повеќе од 720 пиксели бара и поголема широко појасно покривање и поголеми брзини. Општоприфатениот лимит на симнување на килобајти кој треба да пренесе видео запис со висок квалитет, се декодира со H 264 и изнесува 3500, каде што стандарден квалитет на телевизија SD може да варира од 500 до 1500 килобајт пиксели во зависност од резолуцијата на екранот.
Во Велика Британија BBC iPlayer оперира со најголем сообраќај и сè уште нуди HD содржина напоредно со SD содржина. Како што сè повеќе луѓе се здобиваат со интернет врска која може да го прими протекот на HD видеото преку интернет, BBC iPlayer се труди да одговори и да биде во чекор со барањето. Сепак, бидејќи преносот на HD видеото зафаќа околу 1,5 гигабајти на час од податоците на видеото, на BBC му беше потребно големо инвестирање за да го реализира сето ова.
Корисниците кои немаат таков широко појасен пренос на HD видео или високо SD видео кое бара 1500 килобајти, за нив BBC iPlayer нуди проток на помал износ на битови кој дава послаб квалитет на видео пренос. Ова бара користење на приспособлив износ на пренос на битови, така што ако на корисниците одеднаш им падне широко појасниот пренос тогаш iPlayer за да го компензира, ќе го намали износот на пренос.
Оваа алатка за дијагностицирање која ја нуди BBC iPlayer бесплатно го мери капацитетот на пренос и широкиот појас од корисникот. Иако конкуренцијата во Велика Британија како што се 4oD, ITV Player и Demand Five сè уште не нудат HD пренос, а технологијата која ова го поддржува е речиси нова и широкото распространување на HD преносот е возможен. Достапноста на Channel 4 и Five програмите преку YouTube се предвидени да се докажат како неверојатно популарни како што се сериите на Skins, Green Wing, The X Factor и други, да станат достапни на едноставен начин формат на мрежно место кое веќе привлекува милиони луѓе секојдневно.