Суровичка Река
Суровичка Река (грчки: Ρέμα Αμύντα) — река во Леринско, Егејска Македонија. Наречена е по градот Суровичево низ кој поминува.[1]
Суровичка Река Ρέμα Αμύντα | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Краишта | Општина Суровичево, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Рудничко Езеро |
• координати | 40°36′37″N 21°35′15″E / 40.6104° СГШ; 21.5874° ИГД |
Устие | |
• место | Петерско Езеро |
• координати | 40°42′41″N 21°41′02″E / 40.7115° СГШ; 21.6839° ИГД |
Должина | 15,5 км |
Особености на сливот |
Местоположба
уредиРеката се наоѓа во југоисточниот дел на Леринскиот округ и претставува одливен водотек од Рудничкото Езеро и завршува во Петерското Езеро на североисток. Во голема мера уште поодамна го изгубила природното корито со изградбата на големата каналска мрежа за наводнување во регионот. Има вкупна должина од 15,5 км со правец југозапад-североисток. Околу реката е рамницата Сариѓол со големи обработливи површини. Суровичка Река почнува од северниот брег на Рудничкото Езеро. Кај селото Сотир конечно влегува во природното корито. Минува западно од Суровичево и се влева во Петерското Езеро.[1]
Флора и фауна
уредиПо течението на реката се застапени извонредно голем број на растителни и животински видови, и покрај тоа што нивните живеалишта веќе долго време страдаат од загадувањето пестициди, индустриски отпад и домашни фекалии.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ρέμα Αμύντα“. Natura Graeca. Посетено на 9 март 2021.