Рудничко Езеро

езеро во Леринско, Егејска Македонија

Рудничко Езеро или Врапчинско Езеро (грчки: Λίμνη Χειμαδίτιδα, Химадитида) — езеро во Егејска Македонија (денес Грција), дел од групата на Егејските езера.

Поглед на Рудничкото Езеро од патот за Невеска

Езерото се наоѓа на територијата на леринската Општина Суровичево. Се наоѓа на надморска висина од 593 метри, а површината околу 1,7 км2. Поврзано е со соседното езеро Зазерци, од кадешто добива вода. Неговите води пак се влеваат во Петерското Езеро. На неговиот североисточен брег се наоѓа селото Рудник (Ανάργυροι), а на југозападниот се урнатините на селото Врапчин (Χειμάδιο).

Флора и фауна уреди

Со езерото Зазерци сочинуваат заеднички екосистем, мошне богат на птици (повеќе од 150 видови), цицачи (12 видови), змии (7 видови), водоземци (7 видови), риби (8 видови), и 150 видови растенија.

Надворешни врски уреди