Суперкритичен јаглерод диоксид
Суперкритичен јаглерод диоксид (scCO2) — флуидна состојба на јаглерод диоксидот во која тој е над своите критична температура и критичен притисок.
Јаглерод диоксидот се однесува како гас во воздухот на стандардни температура и притисок (СТП) или како цврсто тело познато како сув мраз кога е замрзнат. Ако температурата и притисокот се зголемат од СТП до услови над критичната точка за јаглерод диоксид, супстанцата постанува помеѓу течност и гас. Поточно се однесува како суперкритичен флуид над својата критична температура (304,13 К, 31,0 оС) и критичен притисок (7,3773 MPa, 72,8 atm)[1], ширејќи се да го наполни садот како гас, но имајќи висока густина како таа на течност.
Суперкритичниот CO2 е значаен индустриски растворувач поради неговата улога во хемиска екстракција и неговите незначајни токсичност и влијание на животната средина. Релативно ниската температура на процесот и стабилноста на јаглерод диоксидот дозволуваат голем број соединенија да бидат екстрактирани без значајни оштетувања или денатурација.[2] Овој процес дозволува селективна екстракција бидејќи растворливоста на соединенијата во scCO2 се менува со притисокот на процесот.[3]
Наводи
уреди- ↑ Span, Roland; Wagner, Wolfgang (1996-11-01). „A New Equation of State for Carbon Dioxide Covering the Fluid Region from the Triple‐Point Temperature to 1100 K at Pressures up to 800 MPa“. Journal of Physical and Chemical Reference Data. 25 (6): 1509–1596. doi:10.1063/1.555991. ISSN 0047-2689.
- ↑ Monhemi, Hassan; Housaindokht, Mohammad Reza; Bozorgmehr, Mohammad Reza; Googheri, Mohammad Sadegh Sadeghi (2012-09-01). „Enzyme is stabilized by a protection layer of ionic liquids in supercritical CO2: Insights from molecular dynamic simulation“. The Journal of Supercritical Fluids (англиски). 69: 1–7. doi:10.1016/j.supflu.2012.04.020. ISSN 0896-8446.
- ↑ Lik Nang Lau, Harrison; Choo, Yuen May; Ma, Ah Ngan; Chuah, Cheng Hock (2008-01-01). „Selective extraction of palm carotene and vitamin E from fresh palm-pressed mesocarp fiber (Elaeis guineensis) using supercritical CO2“. Journal of Food Engineering (англиски). 84 (2): 289–296. doi:10.1016/j.jfoodeng.2007.05.018. ISSN 0260-8774.