Сузуме
Сузуме (јапонски: すずめの戸締まり, буквално: Сузуме ги затвора вратите; англиски: Suzume) — долгометражен аниме-филм од режисерот и сценарист Макото Шинкаи, создаден од CoMix Wave Films. Работата на филмот започнала во 2020 г. и се одвивала со учество на аниматори што претходно соработувале со Шинкаи. Изданието во кината се одржало во Јапонија на 11 ноември 2022 г., а на 23 февруари 2023 г. филмот бил прикажан на 73. берлински кинофестивал. Во Македонија премиерата била на 25 мај 2023 г.[3][4][5]
„Сузуме“ | |
---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
Режисер | Макото Шинкаи |
Продуцент |
|
Сценарист | Макото Шинкаи |
Главни улоги | |
Музика |
|
Кинематографија | Рјосуке Цуда |
Монтажа | Макото Шинкаи |
Студио |
|
Дистрибутер | Toho |
Премиера | 11 ноември 2022 г. (Јапонија) 25 мај 2023 г. (Македонија) |
Времетраење | 122 минути[1][2] |
Земја | Јапонија |
Јазик |
|
Бруто заработка | 316,8 милиони долари |
Во северноамериканското и македонско издание, филмот е преведен како „Сузуме“, а во изворното јапонско издание насловот на филмот е „Сузуме ги затвора вратите“.
Содржина
уредиСузуме, 17-годишна девојка што живее во мирен град во Кјушу, запознава младич што „бара врати“ на патување. Сузуме го следи до трошната зграда во планините и наоѓа слободна, непречена врата како само „таа“ (вратата) да е спасена од опустошување. Сузуме се чувствува привлечена од невидлива сила и посегнува по вратата. Наскоро, вратите низ цела Јапонија почнуваат да се отвораат една по друга. Вратите што се отворија мораат да бидат затворени за да се затвори несреќата што лежи на другата страна. Местата на кои таа талка имаат небо каде сите часови од денот изгледаат споени заедно. Поттикната од таинствените врати, започнува „патувањето на затворање врати“ на Сузуме.
Озвучување
уредиГлумец | Улога |
---|---|
Нанока Хара | Сузуме Ивато |
Хокуто Мацумура | Сота Мунаката |
Ери Фукацу | Тамаки Ивато |
Шота Сометани | Минору Окабе |
Саири Ито | Руми Ниномија |
Котоне Ханасе | Чика Амабе |
Кана Ханазава | Цубаме Ивато |
Мацумото Хакуо II | Хицуџиро Мунаката |
Рјуносуке Камики | Томоја Серизава |
Ен Јамане | Даиџин |
Аими | Мики |
Наводи
уреди- ↑ すずめの戸締まり (јапонски). Toho Cinemas. Архивирано од изворникот October 7, 2022. Посетено на November 12, 2022.
- ↑ „Suzume“. British Board of Film Classification. Архивирано од изворникот November 10, 2023. Посетено на November 10, 2023.
- ↑ „Suzume“. Berlin International Film Festival. Архивирано од изворникот February 22, 2023. Посетено на February 22, 2023.
- ↑ „Сузуме | Киноверзум МК“. Посетено на 2024-09-15.
- ↑ Pineda, Rafael Antonio (September 6, 2022). „Suzume, 3 More Makoto Shinkai Films Get IMAX Screenings in Japan“. Anime News Network. Архивирано од изворникот October 1, 2022. Посетено на September 6, 2022.
Надворешни врски
уреди„Сузуме“ на Ризницата ? |
- Сузуме на Семрежната филмска база на податоци (англиски)