Сува Река - Парагон (Гевгелија)
„Сува Река - Парагон“
| |
Местоположба | 41°08′00″N 22°30′00″E / 41.13333° СГШ; 22.50000° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Гевгелија |
Општина | Гевгелија |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Сува Река - Парагон — археолошко наоѓалиште во градот Гевгелија. Претставува некропола од железно време. Во јужниот дел на градот, а особено во коритото на Сува (Конска) Река и на нејзините брегови, како и на флувијалната тераса на десната страна, позната под името Парагон, е откриен голем број гробови од неколку типови: слободно вкопување, цисти од камени плочи и во питоси, сите со различна насоченост. Во голем број се и предметите од бронза во вид на украсни предмети и накит, како и орудија и оружје од железо. Во периодот 1975-77 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и Музејот на Македонија вршеле заштитни археолошки ископувања. Откриените наоди се чуваат во Музејот во Гевгелија и во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано
уреди- Вардарски Рид - повеќеслојна населба и некропола со траги од енеолитското до римското време;
- Раул — некропола од римското време;
- Сува Река - Парагон — некропола од железното време;
- Гевгелија;
- Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 95. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |