Стравот на голманот од пенал
Стравот на голманот од пенал (германски: Die Angst des Tormanns beim Elfmeter) германски филм од 1972 година во режија на Вим Вендерс. Филмот е адаптација на истоимениот роман на Петер Хандке, кој е автор на сценариото.[1] Главните улоги ги играат: Артур Браус (Arthur Brauss), Кај Фишер (Kai Fischer) и Ерика Плухар (Erika Pluhar). Во 1972 година, филмот ја освоил наградата FIPRESCI на Венецијанскиот филмски фестивал.[2] Иако се работи за детективски филм, дејството во него се одвива побавно и повеќе бара размислување за разлика од останатите филмови од овој жанр. Филмот ја покажува и истражува монотонијата на постоењето на убиецот и, како и многу други филмови на Вендерс, го истакнува огромното културно влијание на САД во повоената Западна Германија.
Синопсис
уредиГолманот Јозеф Блох е исклучен од играта во текот на еден фудбалски натпревар. Тој го напушта натпреварот и ја поминува ноќта со касиерката Глорија која работи во кино, а подоцна ја убива без никаков повод. По убиството, тој ги уништува своите отпечатоци, но заборава една монета. Потоа, заминува во едно погранично село, во посета на неговата дамнешна пријателка. Таму, Јозеф ги минува деновите во неработа и монотонија. Притоа, како за време на своето патување кон селото, така и во самото село, тој остава траги по кои полицијата полека го разоткрива убиството. Во весниицте веќе се појавуваат информации за убиството, заедно со неговиот фото-робот. На крајот од филмот, Јозеф спокојно оди да го гледа локалниот фудбалски натпревар.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „Peter Handke“. filmportal.de (германски). Deutsches Filminstitut. Посетено на 2012-04-19.
- ↑ HRT, Die Angst des Tormanns beim Elfmeter, njemačko-austrijski film (12) - Retrospektiva Wima Wendersa (пристапено на 11.5.2020)