Стојче Кузмановски
Стојче Ѓорѓев Кузмановски ( 1926 во Стрезовце, Кумановско — 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од средноимотно селско семејство. Завршил основно училиште. На 1 септември 1944 година стапил во Единаесеттата македонска ударна бригада. По кратко време бил префрлен во Третата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите кај Штип, Кумановско и Велешко. Како храбар борец, извршувал мошне одговорни борбени задачи. Во октомври 1944 година, кај реката Треска, имал задача за кратко време да уништи едно непријателско борбено упориште, која успешно ја извршил. Но, при повлекувањето на бригадата, непријателски куршум смртно го погодил во главата. Така го изгубил животот и овој млад борец, на негови 18 години.[1]