Стојмир Трајаноски (Малкоец)
македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Стојмир Ристов Трајаноски ( 1912 во Малкоец, Кичевско — 1945 во Малкоец, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Стојмир Трајаноски | ||
Роден | 1912 година Малкоец, Кичевско, Македонија како дел од Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1945 година Малкоец, Кичевско, СР Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПроизлегувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Во народноослободителната војска на Македонија стапил во август 1944 година во дополнителниот баталјон, а подоцна бил распореден во Шестата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите низ Кичевско. На Сува Гора се разболел, бил однесен во болницата во Гостивар, а потоа пуштен на домашно лекување. Починал во 194 5 година.[1]