Стојмен Тасевски
Стојмен Јорданов Тасевски ( 1922 во Станци, Кривопаланечко — 13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во борбените редови на Треттата македонска ударна бригада. Бил учесник во бројни борби и акции против непријателот. Учествувал и во жестоката битка против балистите и Германците во реонот на Треска. На 13 ноември 1944 година, со бригадата успешно се пробил кон Скопје. Храбро загина во уличните борби водени за ослободувањето на главниот град на Македонија.[1]