Стојко Ивановски
Стојко Наумов Ивановски ( 1922 во Димонце, Кратовско — 30 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо завршувањето на основното четиригодишно училиште, помагал на своето сиромашно земјоделско семејство. Кога поодраснал почнал да аргатува кај поимотни стопани во неговото и другите соседни села. Низ селото Димонци и околината често се движеле единици на НОВ што придонело ѝ тој да стане симпатизер и активен помагач на движењето за борба против окупаторот и ослободување на Македонија, како и за подобра иднина на сиромашниот народ. Во првите денови на септември 1944 година, станал борец во единицата што престојувала во тој крај. Подоцна е префрлен во составот на Седумнаесеттата македонска ударна бригада. По конечното ослободување на Македонија, со бригадата се борел против балистичките банди во околината на Гнилане. Загинал на 30 декември 1944 година во една тешка борба во близината на Гнилане. Во истата битка се убиени и неговите соборци од Кратовско: Киро Илиевски и Стојчо Ивановски.[1]