Стојан Димков Петковски ( 1922 во Стрезовце, Кумановско20 октомври 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Бил мобилизиран во окупаторската фашистичка бугарска војска. По капитулацијата на Бугарија стапил во Единаесеттата македонска ударна бригада. Со бригадата учествувал во борбите против непријателот. Подоцна станал борец на Третата македонска ударна бригада. Се покажал како мошне храбар борец. Бил поставен за десетар. На неговата десетина и се доверувале мошне одговорни борбени задачи. На 20 октомври 1944 година, со бригадата учествувал во борбата на реката Треска. Во таа битка Германците им дале голема помош на балистите и бригадата била принудена под мошне тешки услови да се повлече. Во оваа борба, Стојан го изгубил својот живот.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 230. На |first= му недостасува |last= (help)