Стојан Николовски

Стојан Трајанов Николовски ( 1925 во Скопје8 мај 1945 во Дуго Село, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од градско сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Во ноември 1944 година по ослободувањето на Скопје, стапил во Треттата македонска ударна бригада. Бил распореден во втората чета на третиот баталјон. Со Бригадата учествувал во борбите против балистите кон крајот на 1944 година на терените на Македонија и Србија. Во завршните операции за ослободување на Југославија, учествувал речиси во сите борби. Јуришал во судирите на Сремскиот фронт. Особено се истакнал при ослободувањето на Врпоље и во борбите кај Славонска Пожега, каде цели германски и усташки единици биле уништени. На 8 мај 1945 година храбро загинал, во јуришот кај Дуго Село, само еден ден пред капитулацијата на фашистичка Германија.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 108. На |first= му недостасува |last= (help)