Стојан Недељковиќ
Стојан Недељковиќ ( 1913 во Никуљане, Кумановско — 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Окупацијата го затекнала во родниот крај. Поради видното учество во народноослободителното движење бил интерниран од бугарската окупаторска фашистичка управа близу до Бурчил. На 20 јуни 1944 година со група другари успеал да избега од логорот. По доаѓањето во Македонија, веднаш стапил во Третата македонска ударна бригада. Учествувал во борбите на велешкиот терен, на пругата Скопје - Велес, како и на други места против непријателот. Кон крајот на октомври 1944 година, во борбата против албанските балисти и Германците во близина на реката Треска, тој бил убиен заедно со уште десетици други македонски партизани.[1]