Стојан Киселиновски
Стојан Киселиновски — македонски историчар, научен советник во Институтот за национална историја.
Стојан Киселиновски | ||
Роден | 10 јануари 1943 Б’мбоки, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Занимање | историчар |
Животопис
уредиРоден е во селото Б’мбоки во Костурско на 10 јануари 1943 година[1]. Основно, средно и високо образование - Историски факултет, завршил во Романија. Се вработил во Институтот за национална историја во Скопје. Магистрирал и докторирал на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Покрај големиот број на научни трудови и книги на историска тематика, тој е автор и на првите класични афоризми во Македонија, а пишува и поезија и проза.
Дела
уредиСтојан Киселиновски е автор на трудовите:
- „Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913-1940)“
- „КПГ и македонското национално прашање (1918-1940)“
- „Статусот на македонскиот јазик во Македонија (1913-1987)“
- „Егејскиот дел на Македонија (1913-1989)“
- „Етничките промени во Македонија (1913-1995)“
- „Македонски дејци (XX век)“
- „Дејци на ВМРО и КПЈ во Македонија“
- „Македонија низ вековите“
- „Историја на Македонија“
- „Историја на Романија“
- „Малцинствата на Балканот (XX век)“ во соавторство со проф. д-р. Ирена Ставови - Кавка
Наводи
уреди- ↑ Блаже Ристовски, уред. (2009). Македонска енциклопедија. 1. Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-023-4 (1) Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).