Стојан Варсаковски
Стојан Варсаковски ( 1909 во Мирковци, Скопско — 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејетво. Се занимавал со земјоделство. Неговото приклучување во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада се совпаднало со навлегувањето на балистичките сили во некои села на Скопска Црна Гора. Во составот на истата учествувал во борбите против балистичките банди. Загинал од експлозија на непријателска граната, во времето кога се наоѓал на стража. Бил закопан на селските гробишта во Мирковци.