Степска еја
Степска еја | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Соколовидни (или Јастребовидни, q.v.) |
Семејство: | Јастреби |
Род: | Еја |
Вид: | Степска еја |
Научен назив | |
Circus macrourus S. G. Gmelin, 1770 | |
Степската еја или степски жабар (науч. Circus macrourus) е птица од родот еи (Circus) во семејството јастреби и е птица преселница, грабливка која лови во низок лет. Се размножува во јужните делови на источна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, како и во Средна Азија (во Иран), а зимува во Индија и југоисточна Азија. Ретко заскитува во Велика Британија и западна Европа, иако значителен број младенчиња се забележани како презимуваат во Норфолк (источна Англија) зимата 2002/3 г.
Опис
уредиКај степската еја е изразен половиот диморфизам, односно мажјаците се белосиви одозгора и бели одоздола, со зашилени црни врвови на крилјата. Должината им е од 40 до 48 см, а имаат распон на крилјата од 95 до 120 сантиметри. Тежат околу 315 грама, а женките се поголеми и тежат околу 445 грама. Женките се кафени одозгора, со бели пердуви на горниот дел од опашката, а долниот дел ѝ е жолтеникав со кафени шари. Младенчињата се слични со женките и често, заради белото кај опашката се нарекуваат „прстенестоопашни“.
Птицата живее во отворени, степски предели.
Исхрана
уредиСтепската еја лови и се храни со мали цицачи, влекачи и птици, изненадувајќи ги со брзиот и низок лет.
Размножување
уредиОвој јастреб е моногамна птица која одгледува едно легло годишно. Гнездат директно на земја на тревна површина. Несат 3-5 светлосини јајца. Инкубацијата започнува откако ќе се снесе првото јајце и трае 28-30 дена. Ги лежи само женката, но за време на инкубацијата и првите денови по испилувањето, мажјакот носи храна и за женката и за пилињата. Младенчињата го напуштаат гнездото по 35-40 дена.
Наводи
уреди- ↑ „Птици на Иран — Степска еја“. „Ирански пустини“. Посетено на 2 март 2013. (персиски)
- ↑ BirdLife International (2012). „Circus macrourus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 јули 2012.
Литература
уреди- Распознавање
Forsman, Dick (1995) Field identification of female and juvenile Montagu's and Pallid Harriers Dutch Birding 17(2): 41-54
Надворешни врски
уреди- Степска еја - „Атлас на птиците на Јужна Африка“ (англиски)