Статистика за бизнис и економија (книга)
Статистика за бизнис и економија - книга на македонските економисти Славе Ристески и Драган Тевдовски, првобитно објавена во 1999 година. Книгата доживеала неколку изданија и се користи како универзитетски учебник на повеќе економски факултети во Македонија.
Прво издание
уредиПрвото издание на книгата (чиј автор е само Славе Ристески) се појавило во 1999 година, а нејзината содржина во најголем дел била преземена од книгата „Статистика за менаџмент и економија“ од 1998 година која, исто така, била издадена од Економскиот факултет - Скопје.[1]
Второ издание
уредиВторото, преработено и дополнето издание (чиј автор е Славе Ристески) по својата содржина не се разликува од првото, со одредени измени, како: третата глава, посветена на веројатноста, била целосно преработена; во шестата глава (Статистичко оценување) била внесена уште една точка; во примерите биле ажурирани временските низи и биле додадени нови прашања и задачи.[1]
Трето издание
уредиАвтори на третото, преработено и дополнето издание од 2008 година биле Славе Ристески и Драган Тевдовски, а во содржината биле направени одредени измени, како: во петтата глава била додадена една точка; во седмата глава бил додаден концептот на p-вредноста; во секоја глава биле додадени цели на учењето; сите глави биле надополнети со нови примери и задачи, како и нови графички прикази; во секоја глава се внесени делови за користење компјутер; во книгата е додаден CD-ROM; а користената литература била дополнета со нови наслови.[2]
Четврто издание
уредиВо 2010 година се појавило четвртото издание на книгата. Рецензенти на книгата биле Александар Ќурчиев и Борислав Благоев, ликовен уредник бил Кочо Фиданоски, лектор Здравко Ќорвезироски, а графичкото и ликовно-техничкото уредување го направил Бане Галиќ. Книгата, со обем од 588 страници, била испечатена во печатницата „Македонска ризница“ во Куманово. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-212-009-6.[3]
Содржина
уреди- Предговор
- Вовед
- Дескриптивна анализа
- Веројатност
- Случајна променлива и распореди на веројатноста
- Статистички примерок
- Статистичко оценување
- Тестирање на статистички хипотези
- Анализа на варијанса
- Проста праволиниска регресија и корелација
- Повеќекратна праволиниска регресија и корелација
- Непараметарски методи
- Индексни бројки
- Анализа на временски низи
- Таблици
- Литература
- Индекс
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Славе Ристески и Драган Тевдовски, Статистика за бизнис и економија. Скопје: Економски факултет - Скопје, 2010, стр. xxi.
- ↑ Славе Ристески и Драган Тевдовски, Статистика за бизнис и економија. Скопје: Економски факултет - Скопје, 2010, стр. xxii.
- ↑ Славе Ристески и Драган Тевдовски, Статистика за бизнис и економија. Скопје: Економски факултет - Скопје, 2010.