Славе Ристески
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Професор д-р Славе Ристески е роден на 20.06.1950 година во с. Издеглавје, Охрид. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје ( 1973 година ) , а магистрирал на Економскиот факултет во Белград ( 1980 година ) , на стадиумот од областа на Статистичката анализа во економијата. Докторирал на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година, на тема од областа на Пазарот на трудот.
На Економскиот факултет во Скопје работи од 1974 година, најпрво како асистент, од 1987 година како доцент, а во 1992 е избран како вонреден професор и во 1997 година е избран за редовен професор.
Во три мандата бил шеф на Катедрата за математика, статистика и информатика. Бил продекан за финансии на Економскиот факултет во Скопје. Д-р Славе Ристески бил член на Економскиот совет на Владата на Република Македонија и на Советот на Заводот за статистика на Република Македонија.
На Економскиот факултет во Скопје, д-р Славе Ристески ги предавал следниве научни дисциплини: Основи на статистичка анализа, Стопанска и деловна статистика, Демографија и економска статистика. Со новиот наставен план ги предава дисциплини: Статистика за бизнис и економија, Демографија и анализа на временски низи. Раководител е на постдипломскиот студиум Статистички методи за бизнис и економија каде ги предава дисциплините: Мултивариациони статистички методи и Анализа на временски низи. Дополнително, предава и научни дисциплини на третиот циклус на студии.
Професор д-р Славе Ристески остварил повеќе студиски престои во странство, меѓу кои може да се истакнат престоите на: Универзитетот ,,Карлос Три” во Мадрид, Универзитетот ,,Рома Три” во Рим , Универзитетот ,, Рен Два “ во Рен, Универзитетот ,, Деусто “ во Билбао и ,, Источномедитерански универзитет ” во Кипар.[1]
Публикации
уреди- Квантитативна анализа за формирање на работната сила – 1984
- Работната сила и прашањата на положбата на вработеноста во СР Македонија- 1987
- Примена на статистичките методи во економските истражувања – 1988
- Економска статистика – 1991
- Економска статистика - 1992
- Основи на статистичка анализа - 1993
- Статистика за менаџмент и економија – 1994
- Статистика за менаџмент и економија – 1996
- Демографска транзиција во Македонија – 1996
- Економска статистика – 1997
- Статистика за менаџмент и економија - 1998
- Демографски движења и процеси во Република Македонија (1948-1990) – 1998
- Статистика за бизнис и економија – 1999
- Демографска статистика – 2000
- Статистика за бизнис и економија – збирка задачи - 2001
- Статистика за бизнис и економија II издание - 2003
- Економска статистика-модели на доработка на статистички податоци – 2004
- Демографски методи со демографска анализа – 2006
- Статистика за бизнис и економија III издание – 2008
- Демографија - методи и анализа – 2009
- Статистика за бизнис и економија IV издание – 2010
- Вовед во анализата на временските низи - 2012
Истражувања
уреди- (Не)Потребата за концепирање и донесување на доследна и диференцирана популациона политика во Република Македонија – 2003[2]
- Придонесот на нобеловците Енгл и Гренџер за усовршување на статистичките методи за анализа на економските временски низи – 2004[3]
- За феноменот на втората демографска транзиција -2006[4]
- Оценување и предвидување на бруто-домашниот производ на Република Македонија – 2007[5]
- Невработеноста во Република Македонија: Одлики, структура и мерки – 2008[6]
- Интензивниот процес на демографската транзиција и импликациите врз демографскиот развој на Република Македонија – 2009[7]
- Прашања и проблеми поврзани со регионалната демографска хетерогеност во Република Македонија – 2011[8]
- Прашања и проблеми поврзани со мерењето на животниот стандард на населението на Република Македонија - 2012[9]
Наводи
уреди- ↑ 60 години Економски факултет - Скопје : Економски факултет, 2012
- ↑ Годишник на Економски факултет - Скопје 2003
- ↑ Годишник на Економски факултет - Скопје 2004
- ↑ Годишник на Економски факултет - Скопје 2006
- ↑ Годишник на Економски факултет - Скопје 2007
- ↑ Годишник на Економски факултет - Скопје 2008
- ↑ Годишник на Економски факултет - Скопје 2009
- ↑ Годишник на Економски факултет - Скопје 2011
- ↑ Годишник на Економски факултет - Скопје 2013