Старо Жабени

археолошко наоѓалиште во Македонија
Старо Жабени

Карта

Местоположба 40°57′59″N 21°22′0″E / 40.96639° СГШ; 21.36667° ИГД / 40.96639; 21.36667
Основни податоци
Место Жабени
Општина Битола
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Старо Жабени познато и како Селиште или Гробиштеархеолошко наоѓалиште во битолското село Жабени. Претставува населба од средниот век. Се наоѓа на околу 800 м североисточно од селото, каде сè уште има остатоци од голема македонска населба со околу 300 домаќинства која опстојувала до средината на 19 век. Населбата се наоѓала на самиот пат кој водел од Битола до Солун, но за време на грчкото востание селото било испустено од нападите на качачките банди кои јуришале кон Тесалија. Во населбата видливи се остатоци од црквата „Св. Архангел Михаил“ и возобновената црква „Св. Атанасиј“. Интересно е за оваа населба тоа што жителите на соседното село Породин негуваат легенда дека тука е роден Крале Марко, кој подоцна се преселил во Прилеп.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавоње, Београд 1998
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069