Старо Село (Жабени)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Старо Село“
| |
Местоположба | 40°57′59″N 21°22′0″E / 40.96639° СГШ; 21.36667° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Жабени |
Општина | Битола |
Тип |
|
Период | неолитско време |
Портал „Археологија“ |
Старо Село — археолошко наоѓалиште во битолското село Жабени. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото, веднаш покрај патот Битола-Лерин, од неговата источна страна, каде во рамнината се издига тумба со неправилна кружна основа од 200 × 220 метри. Со земјоделските работи горните слоеви се испревртени така што на површината се среќава множество фрагменти од керамички садови и куќен лепеж.[1]
Поврзано
уреди- Старо Жабени — средновековна населба[2];
- Жабени;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |